Стефан Козлов[1][2] (1 февруари1998, Скопје) — американски професионален тенисер со македонско потекло. Тој е син на родители Македонци, а неговиот татко Андреј е тениски тренер.[3]
Инфокутијата е последен пат надоградена на: 21 февруари 2022.
Во 2013 година, Козлов дебитирал на светската турнеја на АТП со вајлдкарта во Њупорт на 15-годишна возраст. Тој стигнал до две финалиња на јуниорски гренд слемови во 2014 година и ја завршил годината на третото место на ИТФ јуниорското комбинирано рангирање.
Во 2014 година, Козлов стигнал до две јуниорски гранслем финалиња, каде што загубил од Александар Зверев на Австралија Опен и од Ноа Рубин на Вимблдон. Овој успех го довел до високото 2 место во јуниорско рангирање.[4] Козлов се натпреварувал и на Државното првенство до 18 години, завршувајќи на третото место на турнирот во сингл и освојувајќи го турнирот во двојки со Ноа Рубин. Со оваа победа тие добиле вајлд-карта во главниот ждреб на УС Опен 2014 година. Ја завршил годината со победа на јуниорскиот турнир Оринџ боул.[5]
Во 2015 година, Козлов стигнал до финалето на Државното првенство за играчи до 18 години, каде што загуби од Френсис Тиафо во пет сета.
Козлов го направи дебитирал на АТП светската турнеја со вајлд-карта на турнирот во Њупорт во 2013 година и загубил во првото коло. На 16-годишна возраст, првпат победил играч од Топ 100 играчи, Тим Смичек, стигнал до своето прво финале на АТП Челинџер во Сакраменто, каде што загубил од Сем Квери. Исто така стигнал до седум финалиња на ИТФ фјучерси во кариерата и победил на четири од нив.
2016: Прва победа на АТП и четвртфинале и титула на Челинџер
Во април, Козлов стигнал до финалето на Отвореното првенство во Гваделуп. Во јуни, тој го освоил својот прв натпревар на ниво на АТП во кариерата со вајлд-карта на првенството на трева во Росмален во Ден Бош. Стигнал до своето прво четвртфинале во кариерата победувајќи го Стив Џонсон во второто коло. Кон крајот на сезоната, Козлов стигнал до второто финале на Челинџер таа година во Суџоу. Победил на својот прв Челинџер настап во Колумбус.