Стефан Андоновски
Стефан Андоновски (17 април 1991, Скопје) — македонски политичар, член на ВМРО – ДПМНЕ и тековен министер за дигитална трансформација. Андоновски активно ги зборува англискиот и италијанскиот јазик, а се служи и со грчкиот и германскиот јазик.
Стефан Андоновски | |
---|---|
Министер за Дигитална трансформација | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Нема |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 април 1991 Скопје, Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје |
Професија | Правник |
Вероисповед | Православие |
Образование и рана кариера
уредиДипломирал во 2013 година на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, за да веднаш по дипломирањето добие стипендија на Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија за студентите кои ќе бидат примени на 100 најдобри универзитети во светот според ранг листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет и запишува магистерски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс[1] во САД каде што станува магистер по меѓународни односи[2]. Во моментов е докторант на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје.
Политичка кариера
уредиКако член на ВМРО–ДПМНЕ извршува повеќе партиски функции во партиските органи и во моментов ја извршува функцијата секретар за меѓународна соработка на ВМРО–ДПМНЕ и раководител на Партискиот истражувачко аналитички центар „Љубиша Георгиевски“[3] '
На локалните избори во 2021 година е избран за член на Советот на Град Скопје[4]
Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи[5][6]. Стефан Андоновски е и актуелен стипендист на Фондацијата „Конрад Аденауер“.
На 23 јуни 2024 година, Андоновски бил избран министер за новото Министерство за дигитална трансформација во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Home“. Johns Hopkins SAIS (англиски). Посетено на 2024-04-08.
- ↑ „ЛАФ-МУАБЕТ СО СТЕФАН АНДОНОВСКИ: ПОВЕЌЕ СЕ РАДУВАМ НА РАЗГОВОР СО СЕМЕЈСТВОТО ВО ПИЖАМИ ОТКОЛКУ ВО СКАП РУЧЕК СО ЛУЃЕ КОИ НЕ ГИ ЧУВСТВУВАМ КАКО „СВОИ"“. Машки Магазин (англиски). Посетено на 2024-04-08.
- ↑ „Партиски истражувачко аналитички центар“.
- ↑ „Совет на Град Скопје“.
- ↑ „Stefan Andonovski, Author at BullsEye“. BullsEye (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-04-08. Посетено на 2024-04-08.
- ↑ „Stefan Andonovski - Academia.edu“.
- ↑ Велковска, Лидија (2024-06-23). „Стефан Андоновски - министер за информатичко општество и дигитална трансформација“. Mia.mk. Посетено на 2024-07-03.