Стела Мајнес Максвел (родена на 15 мај 1990 година) е модел. Таа е поранешен ангел на Викторија Сикрет. Стела е заштитно лице на козметичкиот бренд Макс Фактор.

Ран живот

уреди

Максвел е родена во Брисел на 15 мај 1990 година од родители од Северна Ирска, Белфаст.[1] Нејзината мајка е Стела (роденото Мајнс), а нејзиниот татко е пензионирани дипломат, Морис Максвел, тој порано служел како шеф на Европската комисија во Белфаст.[2][3] Стела го добила името по нејзината мајка.[2] Има двајца постари браќа и една постара сестра.[3] Максвел е израсната во Брисел до својата 13 годишна возраст,[4] посетувајќи го Европското училиште, Волуве а потоа се преселила со своето семејството во Австралија, каде што живееле во Канбера една година.[4][5] Стела и нејзиното семејство потоа се преселиле во Нов Зеланд кога таа имала 14 години, се преселиле во Велингтон.[4] Таа го посетувала колеџот Квин Маргарет и Универзитетот во Отаго.[4] Додека таа била студент, работела во киоск и[2] била извидувана од агенција за моделирање со седиште во Данедин.[6] Максвел почнала да се занимава со манекенство по дипломирањето на универзитетот.[4]

Кариера

уреди
 
Максвел за списанието Лове во 2015 година

Учествувала на модната ревија на Викторија Сикрет 2014[7][8]. Максвел е амгел на Викторија Сикрет од 2015 година.[9][10]

За време на нејзината манекенска кариера, позирала за Александар Меквин, Асос, Х&М, Карл Лагерфелд, Роберто Кавали, Урбан аутфитерс и Топшоп. Била на насловните страници на германското, турското, шпанското, тајландското и јапонското издание на модниот магазин Вог. Како модел на модна писта, Стела учествувала на ревии за Џереми Скот, Марк Џејкобс, Томи Хилфигер, Москино, Брендон Максвел, Долче и Габана, Жакемус, Тори Бурч, Џајлс, Дсквер2, Муглер, Фенди, Шанел, Миу Миу. Таа ја отворила модната ревија Концепт Кореа пролет/лето 2011 година, каде била облечена како модерна Снежана во стилот на Лолита во дуксер, мини здолниште и високи чевли.[11] Во меѓувреме паднала на модната писта и го испуштила јаболкото што го носела со себе.[12] Максвел исто така паднала двапати по ред за време на финалето на модната ревија Миу Миу Ризорт 2016 година.[13]

Соработувала со францускиот бренд Коплес за да создаде чанта која ќе го носи нејзиното име. Максвел била избрана за број 1 во „Листата на жешките 100“ на Максим во 2016 година.[14] Таа имала незабележана улога во филмот „JT LeRoy“ од 2018 година.

Во период на 2020 година, Максвел станала амбасадор на настаните за Денот на Стоунвол на Прајд Лајф.[15]

Стела се појавувила во музичкото видео „Chemical“ (Кемикал) од Бек во 2021 година.[16]

Личен живот

уреди

Стела Максвел течно зборува два јазика: англиски и француски.[17]

Максвел е отворено квир и се идентификува како сексуално флуидна.[2][18] Таа се забавувала со американската пејачка Мајли Сајрус во 2015 година.[19] Од почетокот на декември 2016 до крајот на 2018 година била во врска со американската актерка Кристен Стјуарт;[20][21] тие накратко ја продолжиле врската во средината на 2019 година.[22]

Наводи

уреди
  1. Britt McCamey (September 26, 2015). „Meet:Stella Maxwell“. oystermag.com. Oyster. Архивирано од изворникот на September 15, 2015. Посетено на June 20, 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Anderson-Minshall, Diane (September 21, 2020). „Supermodel Stella Maxwell is the Queer Girl Next Door“. The Advocate. Посетено на March 23, 2021.
  3. 3,0 3,1 „Victoria's Secret Angel Stella Maxwell on her love of Belfast and Northern Irish roots“. Belfast Telegraph. 2017-04-17. Посетено на 2023-07-09.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Lucy Buckland (June 20, 2015). „Who is Stella Maxwell?“. mirror.co.uk. Daily Mirror. Посетено на June 20, 2015.
  5. „All about the 10 new Victoria's Secret Angels of 2015“. vogue.com.au. Vogue Australia. 2015-04-29. Архивирано од изворникот на January 10, 2018. Посетено на June 20, 2015.
  6. Orzessek, Eli (June 3, 2016). „Everything we know about officially hot Kiwi supermodel Stella Maxwell“. NZ Herald (англиски). Посетено на 2020-12-27.
  7. Julia Frank (November 6, 2014). „These are the models confirmed for the 2014 Victoria's Secret show“. vogue.com.au. Vogue Australia. Архивирано од изворникот на June 21, 2015. Посетено на June 20, 2015.
  8. Liana Satenstein (December 1, 2014). „Meet 7 New Faces of the Victoria's Secret Fashion Show“. vogue.com. Vogue. Архивирано од изворникот на 2015-07-07. Посетено на June 20, 2015.
  9. Jonathan Borge (April 28, 2015). „Victoria's Secret Adds 10 New Angels to Its All-Star Roster“. instyle.com. InStyle. Посетено на June 20, 2015.
  10. Scarlett Kilcooley-O'Halloran (April 28, 2015). „Victoria's Secret Announces 10 New Angels“. vogue.co.uk. Vogue UK. Посетено на June 20, 2015.
  11. Davis, Mari. „Concept Korea Spring 2011“.
  12. Annabella Winsteald (17 March 2019). „Model Stella Maxwell FALLS during Pucca by Kwak Hyun Joo Spring/Summer 2011 - 3 ANGLES OF VIEW“.
  13. Annabella Winsteald (26 July 2015). „Model Stella Maxwell falls twice during Miu Miu Resort 2016 fashion show. HQ + 2nd angle“.
  14. „Stella Maxwell Tops Maxim Hot 100“. 31 May 2016.
  15. Okwodu, Janelle (2020-06-30). „Stella Maxwell on the Importance of Supporting LGBTQIA Beyond Pride“. Vogue Magazine. Посетено на 2023-07-09.
  16. „Beck Releases Video for 'Chemical' Remix Starring Stella Maxwell“ (англиски). Rolling Stone.com. July 8, 2021. Посетено на July 9, 2021.
  17. „Victoria's Secret Angel Stella Maxwell Stocks Up on Wellness Pills and Tim Tams“. Elle. 2017-08-23.
  18. Okwodu, Janelle (June 30, 2020). „Stella Maxwell on the Importance of Supporting LGBTQIA Beyond Pride“. Vogue. Посетено на March 29, 2021.
  19. „Miley Cyrus Is Dating Victoria's Secret Angel Stella Maxwell (Just Not Exclusively): "I'm Not in a Relationship". E! News. 28 August 2015.
  20. Marquina, Sierra (2017-01-31). „Kristen Stewart and Stella Maxwell Hold Hands, Go on Theme Park Date — See the Pic“. Us Magazine. New York City: American Media Inc.
  21. Hearon, Sarah (December 21, 2018). „Kristen Stewart and Stella Maxwell Split: What Went Wrong?“. Us Magazine. New York City: American Media Inc. Посетено на December 26, 2018.
  22. Bailey, Alyssa (2019-07-19). „Kristen Stewart and Stella Maxwell Confirm They're Back on With a Yacht Makeout“. ELLE (англиски). Посетено на 2021-04-30.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди