Староокситански јазик
Староокситански јазик (окситански: occitan ancian) нарекуван и старопровансалски јазик – најраниот облик на окситороманските јазици како што е пренесен во записите од осмиот до четиринаесеттиот век.[1][2] Староокситанскиот вообичаено ги вклучува раноокситанскиот и староокситанскиот јазик. Средноокситанскиот понекогаш е вклучуван во староокситанскиот, а понекогаш во модерниот окситански јазик.[3] Поимот окситан (occitanus) се појавил околу 1300 година[4], па во средновековните текстови староокситанскиот стои како „романски“ или „провансалски“ јазик.
староокситански | |
---|---|
старопровансалски | |
Застапен во | Прованса |
Ера | VIII до XIV век |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | pro |
ISO 639-3 | pro |
Историја
уредиМеѓу најраните записи на окситанскиот јазик се Tomida femina, Boecis, и Cançó de Santa Fe. Староокстинскиот, јазикот кој го користеле трубадурите, бил првиот романски јазик со книжевен корпус и имал огромно влијание на развојот на лирската поезија кај другите европски јазици. Интерпункцијата била одлика на правописот и истата денес преживува во каталонскиот и гасконскиот јазик. Старокаталонскиот јазик произлегол од староокситанскиот меѓу единаесеттиот и четиринаесеттиот век. Рани текстови на каталонски се Homilies d'Organyà, Cançó de Santa Fe и Greuges de Guitard Isarn.
Фонологија
уредиСтароокситанскиот се менувал и еволуирал низ историјата. Изговорот на староокситанскиот е реконструиран врз основа на последните еволутивни промени на јазикот.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Староокситански изговор на мрежното место DOM (француски)
- ↑ 2,0 2,1 André Bianchi et Alan Viaut, La lenga del trobar. Precís de gramatica d'occitan ancian, Извадоци (француски)
- ↑ "Раноокситански период вообичаено се смета периодот од околу 800 до 1000 година, староокситански од 1000 до 1350 година, и средноокситански од 1350 до 1550 година" in William W. Kibler, Medieval France: An Encyclopedia, Routledge, 1995, ISBN 0-8240-4444-4
- ↑ Smith and Bergin, Old Provençal Primer, p. 2