Стара крушевска чаршија
41°22′07″N 21°14′56″E / 41.36865867302451° СГШ; 21.248854089976337° ИГД
Крушевската чаршија — трговски и културно-историски дел во средиштето на Крушево и една од најголемите знаменитости на гратчето.
Историја
уредиПорано во Крушево имало над двесте калајџии, кои учеле занает главно во Грција или Романија. Имало голем број на кројачи, ткајачи кои изработувале килими и јамболии од домашна волна. Во Крушево имало голем број на воденици кои сега се разурнати, а постоела и мелница за брашно. Исто така, имало и голем број на свеќари, фурнаџии, налбати, дограмаџии, бравари, казанџии. Работеле дваесет и осум чевлари, а има податоци дека кај нив занаетот го учеле голем број на чевлари од Прилеп и Битола. Имало и осум ковачи, како и сто и две групи на калајџии во османлиско време, кои оделе да заработуваат со својот занает и во соседните територии, како Бугарија, Албанија и Грција сè до почетокот на Балканските војни.[1]
Во Крушево имало анови кои имале доста работа во тоа време. Нуделе преноќиште за доста трговци кои врвеле со коњи и карвани. Имало и доста кафеани, а постарите се сеќаваат на првата ледница за мраз и првиот крушевски сладолед до 1924 година. Постоел дури и безистен, кој изгорел за време на Илинденското востание. Денес во крушевската чаршија останати се само неколку дуќани од времето пред востанието.[1]
Постојат податоци дека крушевскиот еснаф имал каса за погребување на сиромашните. Трговците сами ги кажувале своите приходи и врз таа основа се правела средна цена на данокот, така што на тој начин сите биле задоволни. Крушевскиот еснаф бил силен и влијателен, препознатлив по тоа што се штител и се борел за своите права. Секој еснаф си имал своја слава, на различен празник кога задолжително се одело прво во црква, а потоа се славело во домашна атмосфера.[1]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Прешоски, Наум (22 април 2020). „Крушевска чаршија – синоним за образование, начин на живот и солидарност“. weekendinkrusevo.com. Архивирано од изворникот на 11 март 2022. Посетено на 11 март 2022.