Нокт
(Пренасочено од Нокти)
Ноктите се тврда рожеста обвивка на врвот на прстите од рацете и нозете. Ноктите се најкарактеристичен елемент од анатомијата на човековото тело, но ретко може да се пронајдат и кај некои примати, но не и кај останатите цицачи. Ноктите се слични, по функција и облик, со канџите и шепите од птиците и останатите животни. Ноктите на прстите и нозете се создадени од тврда белковина наречена кератин, белковина од која се создадени роговите на животните.
Делови
уредиДелот на ноктот кој се наоѓа во внатрешноста на кожата се нарекува корен, а веднаш до него се наоѓа матрицата. Останатиот дел од ноктот се нарекува плоча, под плочата се наоѓа лежиштето на ноктот. Од преодот од корен кон плоча се наоѓа полумесечеста бела зона која се нарекува лунула.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Нокт“ на Ризницата ? |
- ↑ Feneis, Heinz (2000). Pocket Atlas of Human Anatomy (4th ed.). Thieme. pp. 392–95. ISBN 3-13-511204-7.
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |