Срце и нејзините деца
„Срце и нејзините деца“ (сропскохрватски: Срце и њена деца) — ТВ-филм на режисерот Божидар Николиќ од 1988 година, снимен по сценариото на Слободан Стојановиќ. Главните улоги ги играат: Мирјана Карановиќ, Велимир-Бата Живојиновиќ, Мира Бањац, Ружица Сокиќ, Стојан Аранѓеловиќ и Никола Милиќ. Божидар НИколиќ е и директор на фотографијата, сценографијата е дело на Александар Дениќ, костимографијата е дело на Сузана Танасковиќ, автор на музиката е Војислав Костиќ, а монтажата е дело на Светлана Недељков.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажува приказната за раното созревање на едно десетгодишно момче кое, заради сплетот на околностите, ја прифаќа одговорноста и тогаш го открива светот и луѓето и, на тој начин, рано израснува во возрасен човек...