Морско ниво
Морско ниво или морско рамниште (најчесто подразбира средно морско ниво) — просечното ниво на површината на дадено море или сите океани: Оваа вредност се зема како појдовна при изразувањето на надморска височина во картографијата and морепловството и воздухопловството. Во последниот случај, ова е стандардна надморска височина на која се мери атмосферскиот притисок за баждарење на висината на која ќе лета воздухопловот.
Во поедноставни ситуации, како стандард се зема средниот водостој помеѓу плимата и осеката на некое место.[1]
Морското ниво го засегаат повеќе чинители и истото се разликувало во различни геолошките периоди. Така, внимателното мерење на морското ниво претставува важен показател за климатските промени и неговото покачување се наведува како доказ за глобално затоплување.[2]
Поимот надморска висина најчесто се однесува на средна/просечна надморска висина (С.Н.В или П.Н.В) и се изразува во метри (М.Н.В)
Средно морско ниво
уредиСредното морско ниво (СМН) обично се дефинира како просечно релативно морско ниво во некој временски период, како што е месец или година, доволно долг за да може да се изведе просек од непостојаните вредности какви што се брановите.[3]
Пораст на средното морско ниво
уредиЕвстатскиот пораст на морското ниво е промена во глобалното средно морско ниво поради промената на зафатнината на светскиот океан. Релативниот пораст на морското ниво се јавува онаму каде што постои нето-пораст нивото на океанот во однос на месните движења на копното[3]. Творците на климатските модели главно се задржуваат на процената на евстатската промена на морското ниво. Истражувачите на влијанијата главно се осврнуваат на релативната промена на морското ниво.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ What is "Mean Sea Level"? (Proudman Oceanographic Laboratory).
- ↑ Solomon et al., Technical Summary, Section 3.4 Consistency Among Observations Архивирано на 2 ноември 2018 г. in IPCC AR4 WG1 2007 ; Hegerl et al., Executive summary, Section 1.3: Consistency of changes in physical and biological systems with warming Архивирано на 14 мај 2017 г. in IPCC AR4 SYR 2007 .
- ↑ 3,0 3,1 „Толковен речник за климатски промени“. Министерство за животна средина и просторно планирање. 27 октомври 2014. Посетено на 27 септември 2023.
Надворешни врски
уреди„Морско ниво“ на Ризницата ? |
- Колку е комплицирано мерењето на морското ниво?[мртва врска] (македонски)
- Карта на промената на морското ниво — JPL (англиски)