Среден Андамански Остров

Средниот Андамански Остров е остров кој му припаѓа на Андаманскиот Архипелаг. Тој ѝ припаѓа на административната област на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од Сојузните територии на Андаманските и Никобарските Острови на Индија.

Среден Андамански Остров
Мапа на Андамански Острови, каде Средниот Андамански Остров е прикажан со црвена боја.
Географија
МестоБенгалски Залив
Координати12°30′00″N 92°50′00″E / 12.5° СГШ; 92.833333° ИГД / 12.5; 92.833333
АрхипелагАндамански Острови
Соседни водни површиниИндиски Океан
Вкупно острови1
Површина1,523 км2[1]
Должина70 км
Ширина28 км
Брегова линија272 км
Највисоко место512 м[2]
Највисока точкаМаунт Диаволо
Држава
ОкругСеверен и Среден Андамански Округ
АрхипелагАндамански Острови
Островска подгрупаГолеми Андамани
ТалукПовеќе
Најголема населбаРангат Metropolitan (pop 10,000)
Демографија
Население55,632 (2011)Only middle andaman villages from the 2011 census
Густина36,5 /km2 (945 /sq mi)
Етнички групиИндијци, Андаманци, Џарава
Дополнителни податоци
Часовен појас
PIN744202[3]
Telephone code031927[4]
ISO codeIN-AN-00[5]
Мреж. местоand.nic.in
Literacy84.4%
Avg. summer temperature30.2 °C (86.4 °F)
Avg. winter temperature23.0 °C (73.4 °F)
Sex ratio1.2/
Census Code35.639.0004
Official LanguagesHindi, English

Географија

уреди

Островот му припаѓа на ланецот на острови на Големите Андамани и е сместен 73 километри северно од Порт Блер. Тој е централен остров на Големиот Андамански Архипелаг на Индија, а има вкупна територија од 1536 км2. Одделен е од Северниот Андамански Остров со морскиот теснец Аустен, од островот Баратанг на југ е одвоен со Хомфрејскиот Теснец, а двата теснеци се плитки и широки само неколку стотина метри, додека на запад е одвоен од Интервју Островот со Интервју Преминот наречен по истоимениот остров.[6]

Овој остров бил погоден од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, но катастрофата била значително помала во споредба со околните острови.

Администрација

уреди

Овој остров административно ѝ припаѓа на Мајабундер и Рангат областа.

Демографија

уреди

Населението на островот главно го сочинуваат бенгалски, тамилски и кералитски доселеници. Домородното население го сочинуваат бројни припадници на племето Џарава. Главно занимање на населението е земјоделство и сточарство.

Главен град е Рангат, со 10.000 жители, а други поголеми градови се Мајабундер (5556 жители), Бакултала (4454 жители), Бинбутала (3063 жители) и Кадамтала (3008 жители).

Според пописот во Индија од 2011 година, островот е населен со 55.632 жители, од кои писмени се околу 76% од населението.

Демографија (Попис од 2011 г.)
Вкупно Мажи Жени
Население 55632 28767 26865
Деца под 6 години 2065 1039 1026
Касти 0 0 0
Племиња 3 3 3
Писмени 42294 22946 19348
Работници (сите) 2 2 0
Главни работници (вкупно) 2 2 0

Туризам

уреди

Островот има убави водопади и прекрасни плажи. Посетителите можат да уживаат во кампување, пешачење, нуркање и други возбудливи водени спортови.[7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Islandwise Area and Population - 2011 Census“ (PDF). Government of Andaman.
  2. Предлошка:Cite enroute
  3. „A&N Islands - Pincodes“. 22 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 22 September 2016.
  4. „STD Codes of Andaman and Nicobar“. allcodesindia.in. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2016-09-23.
  5. Registration Plate Numbers added to ISO Code
  6. Thorpe, Edgar Thorpe, Showick. The Pearson CSAT Manual 2011 (англиски). Pearson Education India. ISBN 9788131758304.
  7. „Rangat Island in Andaman and Nicobar, Information of Rangat Island in Andaman“. 2013-05-20. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2018-12-04.

Надворешни врски

уреди