Северен Андамански Остров

Северниот Андамански Остров е северен остров на Големата Андаманска островска група од Андаманските Острови. Тој ѝ припаѓа на административната зона на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од индиската територија на Андаманските и Никобарските Острови. Островот се наоѓа на 137 км оддалеченост од Порт Блер.

Северен Андамански Остров
Мапа на Северниот Андамански Остров
Географија
МестоБенгалски Залив
АрхипелагАндамански Острови
Соседни водни површиниИндиски Океан
Површина1.317 км2[1]
Должина80 км
Ширина26 км
Брегова линија366 км
Највисоко место731 м[2]
Највисока точкаСедл пик
Држава
ОбластАдминистративна зона на Северниот и Средниот Андамански Остров
Островска групаАндамански Острови
Островска подгрупаГолеми Андамански Острови
ТалукДиглипур Талук
Најголема населбаДиглипур (pop. 15,000)
Демографија
Население42541 (2011)
Густина32,3 /km2 (837 /sq mi)
Етнички групиИндијци, Андаманци
Дополнителни податоци
Часовен појас
PIN744202[3]
Телефонски код031927 [4]
ISO codeIN-AN-00[5]
Мреж. местоand.nic.in
Писменост84.4%
Просечна летна температура30.2 °C (86.4 °F)
Просечна зимска температура23.0 °C (73.4 °F)
Полов сооднос1.2/
Пописен код35.639.0004
Службени јазициХинди, Англиски

Географија

уреди

Островот ѝ припаѓа на Големата Андаманска островска група и се наоѓа северно од Средниот Андамански Остров. Околу него се наоѓаат многу мали островчиња. Главен град на островот е Диглипур.

Островот порано бил населен од домородното население Големи Андаманци, кои денес повеќе ги нема,[6] така да денешното население се мигранти од Индија и нивните потомци.[7]

На овој остров се наоѓа највисокиот врв на целиот Андамански Архипелаг, Седл пик, со 731 метри надморска височина.[8][9]

Северниот Андамански Остров често е погодуван од силни земјотреси, а во 2004 година тој беше поплавен од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан.[10]

Администрација

уреди

Островот е под административно управување од Диглипур.

Сообраќај

уреди

Постои мало пристаниште кај Дургапур, кое е шест километри северно од главниот град Диглипур, а има редовна линија од Порт Блер.

Економија

уреди

Северниот Андамански Остров е познат по морскиот екосистем, а на островот главното стопанство е одгледувањето на ориз и портокали.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Islandwise Area and Population - 2011 Census“ (PDF). Government of Andaman.
  2. Предлошка:Cite enroute
  3. „A&N Islands - Pincodes“. 22 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 22 September 2016.
  4. „STD Codes of Andaman and Nicobar“. allcodesindia.in. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2016-09-23.
  5. Registration Plate Numbers added to ISO Code
  6. „Language lost as last member of Andaman tribe dies“ (англиски). 2010-02-05. ISSN 0307-1235. Посетено на 2018-12-02.
  7. „Chapter 7: Numbers“. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2018-12-02.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Andaman Nicobar Tour Packages at Affordable Prices - Exclusive Deals“. www.excitingandaman.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2018-12-02.
  9. Commission, India Planning (2008). Andaman and Nicobar Islands, Development Report (англиски). Academic Foundation. ISBN 9788171886524.
  10. Glenday, Craig (2014-04-29). Glenday, Craig (уред.). Guinness World Records 2014 (англиски) (Reprint. изд.). Bantam. ISBN 9780553390551.CS1-одржување: датум и година (link)

Надворешни врски

уреди