Спортска сала Гемиџии

Спортската сала Гемиџии позната и како Сала Парк или Сала 25ти Мај е повеќефункционална спортска сала во Велес и се користи за кошаркарски, ракометни и футсал натпревари. Овој спортски објект во моментот е со сместивост од околу 3,000 гледачи.

Спортска сала Гемиџии
Место Велес, Македонија
Изграден 1981
Отворен 1981
Сопственик Општина Велес
Оператор ЈП Парк – спорт Велес
Игра КК Борец Баскет
КМФ Велес
РК Борец
Гледачи 3,500

Историја уреди

Официјално салата била пуштена во употреба во 1981 година, со кошаркарски натпревар помеѓу Партизан од Белград (европски првак во кошарка) и поранешниот Борец од Велес (член на Втора сојузна лига - Југ) во тогашна СФРЈ.