Спомен-куќа на Кочо Рацин

музеј во Велес, Македонија

Спомен куќата на поетот и деец Кочо Рацин се наоѓа во Велес. Како потсетник на еден од најголемите поети и социјалисти во периодот помеѓу двете светски војни, таа во 1962 година е целосно реставрирана.[1]

Внатрешноста на куќата на Кочо Рацин во Велес

Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала скривница.

Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак. Во Спомен куќата на Рацин денеска се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.

Наводи

уреди
  1. Спомен куќа на Кочо Рацин Архивирано на 24 септември 2017 г., Општина Велес