Споменик на Цар Самоил (Скопје)

Споменикот на Цар Самоил претставува монументален мермерен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 28 јуни 2011 година.[1]

Поглед кон споменикот

Споменикот е изработен од бел мермер, висок е 5 метри, поставен на постамент исто така од бел мермер со висина од 3,5 метри. На постаментот има бронзени релјефи.[2] Споменикот се наоѓа на централниот плоштад во Скопје пред почетокот на улица „Македонија“. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а споменикот е изработен во уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо и леарницата Фернандо Маринели од Фиренца, Италија и чинел 1,5 милион евра.

Наводи уреди

  1. „Поставен споменикот на Цар Самоил“. А1. 28 јуни 2011. Посетено на 2011-07-31.
  2. „Споменикот на Цар Самоил стигна на плоштадот „Македонија". Дневник. 28 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2013-02-19. Посетено на 2011-07-31.