Споменик на Јустинијан I

споменик на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Споменикот на Јустинијан I — монументален мермерен споменик во Скопје, подигнат во чест на византискиот цар Јустинијан I, роден во Скопско. Бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 16 јуни 2011 година.[1]

Поглед кон споменикот

Споменикот се наоѓа на десната страна од кејот на Вардар во близина на Камениот Мост, на местото на кое се забавувале скејтерите. Скулптурата е изработена од бел мермер со висина од 5 метри. Поставена е на постамент изработен од бел мермер со висина од 3,50 метри. На постаментот има бронзени релјефи со површина од 10,5 м2. Автор на делото е Роза Павлеска, а изработувач е уметничката галерија Пјетро Базанти е Фиљо (Pietro Bazzanti & Figlio) и уметничката леарница Фердинандо Маринели (Ferdinando Marinelli) од Фиренца, Италија. Цената на нарачаната скулптура била 75.640.000 денари, односно нешто повеќе од милион евра.

Наводи

уреди
  1. „Се поставува Јустинијан Први“. Sky.mk. 17 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на 2011-06-18.

Надворешни врски

уреди