Споменик на Јустинијан I

Споменикот на Јустинијан I претставува монументален мермерен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 16 јуни 2011 година.[1]

Поглед кон споменикот

Споменикот се наоѓа на десната страна од кејот на Вардар во близина на Камениот Мост, на местото на кое се забавувале скејтерите. Скуплтурата е изработена од бел мермер со висина од 5 метри. Поставена е на постамент изработен од бел мермер со висина од 3,50 метри. На постаментот има бронзени релјефи со површина од 10,50 квадратни метри. Автор на делото е Роза Павлеска, а изработувач е уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо (Pietro Bazzanti & Figlio) и уметничката леарница Фердинандо Маринели (Ferdinando Marinelli) од Фиренца, Италија. Вреноста на нарачаната скулптура била 75.640.000 денари,односно нешто повеќе од милион евра.

Наводи уреди

  1. „Се поставува Јустинијан Први“. Sky.mk. 17 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на 2011-06-18.