Сулско Море

море во Тихиот Океан

Сулско Море (тагалски: Dagat Sulu, малајски: Laut Sulu) — едно од неколкуте плитки топли мориња околу Борнео, сите рабни на Тихиот Океан. На север е поврзано со Јужнокинеското Море преку неколку премини од двете страни на островот Палаван, кој е дел од Филипините. На југоисток Сулското Море е порабено со архипелагот Сулу кој опфаќа над 4.000 мали корални острови. Бисерите често се ловат од куќите на штули кои се изградени на врвовите на гребените.

Сулското Море на сателитска снимка.