Спортска сала Куманово

спортско здание во Куманово

Спортска сала Куманово — затворено спортско здание кој се наоѓа во Куманово, Македонија. Салата има сместивост од 4.150 седишта и била изградена во 1980.

Спортска сала Куманово
Салата во 2022 година
Карта
АдресаКуманово,
Македонија
Координати42°07′54″N 21°43′41″E / 42.13177715848629° СГШ; 21.728046790377235° ИГД / 42.13177715848629; 21.728046790377235
Надморска височина317 м[1]
СопственикОпштина Куманово
ОператорОпштина Куманово (2020-)[2]
Сместивост4,150
Изградба
Почнато со градба1979
Отворен1980 (1980)
Обновен2021-
АрхитектТрајко Димитров
Живко Гелевски
Градител„Козјак“ - Куманово (првична изградба)
ГЕИНГ ДОО Скопје (реконструкција)
Корисници
КК Куманово[3]
РК Куманово
ЖРК Куманово

Салата е најголемата затворена спортска сала во Куманово, каде се одржуваат кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари.[4]

Историја уреди

Спортската сала во Куманово била проектирана од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1976 година. Проектната организација била Македонија проект - Скопје. Градбата била завршена во 1980 година од страна на „Козјак“ - Куманово. Градбата ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година.[5][6]

Во 2020 година, Владата на Македонија ја вратила Спортската сала на Општина Куманово, откако со неа претходно стопанисувал приватен субјект. Во јули 2021 година, започнала подновувањето на салата.[2] Проектот за обновувањето бил изготвен од ГЕИНГ ДОО Скопје.[6] Согласно март 2024 година, салата била уште во фаза на реконструкција.[2]

Наводи уреди

  1. Преку Map Elevation Calculator
  2. 2,0 2,1 2,2 Оливера Пешевска (21 март 2024). „Потребни се 1,6 милиони евра да се заврши реконструкцијата на спортската сала која трае 2,5 години“. kumanovonews.mk. Архивирано од изворникот на 9 мај 2024. Посетено на 9 мај 2024.
  3. KK Kumanovo Korac Cup 1999 - FIBA Europe
  4. „Тајландски бокс во Куманово“.
  5. „Спортската сала во Куманово ќе се реконструира“. build.mk. 3 мај 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 15 октомври 2018.
  6. 6,0 6,1 Ноеми Чаусидис (4 март 2024). „Универзална спортска сала, Куманово / Димитров, Гелевски, 1980г“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 6 мај 2024. Посетено на 6 мај 2024.

Надворешни врски уреди