Повелба на Сојузот

Повелба на Сојузот претставувала договор помеѓу везирот на Отоманското Царство и голем број на моќни локални владетели во обид да се регулира нивната моќ и односи со централната отоманска власт.

Договорот бил потпишан во 1808 година. Во империјата, земјоделското земјиште се сметало за приватен имот на султанот. Овие имоти биле доделени на тимарските спахии во замена на нивната воена услуга во време на војна. Системот бил сличен како оној во Западна Европа, освен тоа што имотот не бил наследен. Но во текот на XVIII век империјата претрпела големи територијални порази кое довело до намалување на парите кои можат да се соберат во државната каса од даноци. Така овие тимари биле заменети со локални собирачи на данок (деребегови), а самата реална султанска моќ се намалила и останала единствено во рамките на престолнината.

Со ова империјата станала високо децентрализирана. По смртта на Селим III и погубувањето на Мустафа IV, на чело на империјата дошол Махмуд II, со помош на Алемдар Мустафа-паша кој станал голем везир. Тој ги повикал на локалните владетели и заедно на 29 септември 1808 година потпишале договор според кој деребеговите ветиле дека ќе ја искажат својата почит кон султанот и дека ќе ги доделат своите воени единици на султанот во време на војна, дека ќе ги почитуваат наредбите на големиот везир а за возврат нивните имоти ќе станат наследни и за одредена даночна реформа големиот везир ветил дека ќе се консултира со нив. Во следниот период Алемдар починал а следните султани имале услови да се борат бротив овие деребегови со кое нивната моќ била намалена.