Алемдар Мустафа-паша
Алемдар Мустафа-пиша, познат и како Бајрактар Мустафа-паша (Хотин, о. 1750 — Цариград, 15 ноември 1808) — отомански војсководец од албанско потекло[1] од селото Воскоп во близина на Горица.[2] Тој бил голем везир на Отоманското Царство во 1808 година. Обете звања „алемдар“ и „бајрактар“ значат знаменосец и им биле давани на јаничарите од ист ранг. Алдемар Мустафа-паша често се смета за еден од првенците коишто ја согледале потребата од современа војска откако одиграл клучна улога во подготвувањето на војската во францускиот воен поход во 1796 година.
Алемдар Мустафа Паша | |
---|---|
Алемдар Мустафа-паша | |
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 29 јули 1808 – 15 ноември 1808 | |
Монарх | Мустафа IV |
Претходник | Челеби Мустафа-паша |
Наследник | Чавушбаши Мемиш-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | о. 1750 Хотин |
Починал(а) | 15 ноември 1808 Цариград |