Мал свиркач

вид птица
Мал свиркач
Возрасна птица во септември
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Вид: Мал свиркач
Научен назив
Calidris minuta
Leisler, 1812
Синоними

Erolia minuta

Мали свиркач или мала пескарка (науч. Calidris minuta или Erolia minuta), е многу мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (Calidris). Се размножува во арктичка Европа и Азија и е преселничка на долги растојанија, зимувајќи на југ во Африка и јужна Азија. Минува и во Македонија. Понекогаш заскитува во Северна Америка и во Австралија.

Опис уреди

Тоа што е малечок, со убав темен клун и има побрзи движења, го разликува малиот свиркач од останатите крајбрежни птици.

 
Вон сезона на парење, во Египет
 
Јато во Индија
Calidris minuta

Должината на телото му е 13 см, а има распон на крилјата 35 см. Перјето му се разликува сезонски и возрасно. Вон сезоната на парење, во есенско-зимскиот период, возрасните птици одозгора се сивокафеави, а одоздола бели; а во сезоната на парење одозгора перјето им е црвенокафеаво со забележително бело V на грбот. Младенчињата личат на возрасните како во сезоната на парење. Кај сите возрасти нозете се црни. Се огласуваат со пит или чит.

Гнездото на малиот свиркач е исто како на другите водни птици, мала „гребнатинка“ на земјата, опкружена со малку вегетација. Несат 3-5 јајца. Овие птици се полигамни, па и мажјакот и женката може да инкубираат посебни легла.

Се хранат со мали безрбетници кои ги собираат од калта.

Зимно време се здружува во големи јата, формирајќи ги и со други крајбрежни птици, особено со обичниот свиркач во крајбрежните блата или во мочуриштата.

Статус уреди

Бројот на птици од овој вид зависи од популацијата на лемингот (мал глодач), кој е основна храна на грабливките од арктичките предели. Ако годината е сиромашна со овие глодачи, грабливките се хранат со малиот свиркач. На овие птици се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Calidris minuta. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Литература уреди

Надворешни врски уреди