Германија на Евровизија 1958

Германија била претставувана од Маргот Хиелшер со песната " Für zwei Groschen Musik " на конкурсот за песна на Евровизија во 1958 година, што се одржал на 12 март во Хилверсум, Холандија . "Für zwei Groschen Musik" била избрана на германскиот национален натпревар кој се одржал на 20 јануари. Ова бил втор последователен настап на Евровизија за Хиелшер за Германија.

На Евровизија уреди

Ноќта на финалето Хиелшер настапила осма во ред, по Белгија и пред Австрија . Перформансот на Хиелшер во 1957 година, кога таа пеела во телефонски приемник, се смета за прв перформанс што воведува елемент на визуелна изведба во Евровизија, а таа истото тоа го прави и во 1958 година, појавувајќи се на сцената облечена во тијара и појас. На крајот од гласањето "Für zwei Groschen Musik" добила 5 бода и со тоа Германија завршила на седмото место од вкупно десет учесници. Германското жири 5 од можни 10 бода ги доделила на Белгија.[1]

Гласање уреди

Секоја држава имала жири составено од десет луѓе. Секој член на жирито требало да даде по еден бод на неговата или нејзината омилена песна.

Поврзано уреди

  1. „ESC History - Germany 1958“. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2019-05-11.