Џеремаја Мејси

Американски кошаркар

Џеремаја Мејси (англиски: Jeremiah Massey; роден 22 јули 1982 во Детроит, Мичиген) е македонски натурализиран професионален кошаркар и бивш репрезентативец со потекло од САД. Мејси моментално е играч на бразилски Паскоалота Бауру.

Џеремаја Мејси
Jeremiah Massey
Мејси како играч на Реал Мадрид
Мејси како играч на Реал Мадрид
Прекар(и)Воздушниот Мејси
ПозицијаКрилен центар
Висина2,02 м
Тежина100 кг
ЛигаПаулиста (Бразил)
КлубБауру
Роден22 јули 1982(1982-07-22)(41 г.)
Детроит, Мичиген, САД
НационалностАмериканец / Македонец
Средно училиштеМекензи
ФакултетОкснард (2001-2003)
Канзас Стејт (2003-2005)
Драфт2005 / не
Проф. кариера2005–
Клубови
2005–2006Гимнастикос С. Ларисас
2006–2008Арис
2008–2010Реал Мадрид
2010Обрадоиро
2010-2012Локомотив Кубањ
2012Красние Крилја
2012–2013Бросе Баскетс
2013Шампвил
2013-2014Амчит Клуб
2014-2016Ал Ријади Бејрут
2016Ал Гарафа
2016Либертад де Сунчалес
2016МЗТ Аеродром
2016Либертад де Сунчалес
2017-2018Кимса
2018-Сиклиста Олимпико
Репрезентација
Инфо од: 17.08.2019.

Историја уреди

Поради лошите резултати во АБА лигата, Мејси во октомври 2016 година, бил отпуштен од МЗТ Аеродром.[1][2] На крајот на месецот, Мејси пронашол старо-нов клуб, Либертад од Аргентина.[3]

Следната сезона - 2017/18, Мејси останал во аргентинската лига, но сега во нов клуб - Кимса. За сезоната 2018/19, Џеремаја се преселил во уште една аргентински клуб - Сиклиста Олимпико.[4]

Во август 2019 година, Мејси се придружил во екипата на бразилскиот клуб Паскоалота Бауру.[5]

Успеси уреди

Титули уреди

  МЗТ Аеродром уреди

Признанија уреди

  • Учество во грчкиот Ол-Стар натпревар 2007
  • Учество во грчкиот Ол-Стар натпревар 2008
  • Најкорисен играч на грчкиот Ол-Стар натпревар 2008
  • Прва најдобра петорка на сезоната во Грција 2007/08
  • Учество во рускиот Ол-Стар натпревар 2011
  • Втора најдобра петорка на сезоната во Русија 2010/11
  • Прва најдобра петорка на сезоната во Русија 2011/12
  • Втора најдобра петорка на сезоната во ЕвроКупот 2011/12

Наводи уреди

  1. „Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ, откази и за Мејси и Томас!“. gol.mk. 10 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
  2. „Официјално од МЗТ: Заминаа Мејси и Томас, Јончевски прв стратег на „металците". ekipa.mk. 10 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2019-08-17. Посетено на 10 октомври 2016.
  3. „Мејси по неуспешната авантура во МЗТ се врати во Либертад од Аргентина“. gol.mk преку web.archive.org. 27 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2019-08-17. Посетено на 17 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Играше за Арис, Реал, МЗТ: Македонски репрезентативец ќе продолжи во Аргентина!“. sport1.mk преку web.archive.org. 28 септември 2018. Посетено на 17 август 2019.
  5. „Jeremiah Massey (ex Olimpico LB) joins Bauru“. eurobasket.com преку web.archive.org. 7 август 2019. Посетено на 14 август 2019.

Надворешни врски уреди