Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Kotlina Kocanska.jpg|thumb|300px| Мапа на Кочанската Котлина]]
[[Слика:Kocanska_kotlina1.jpg|thumb|300px|Средишниот дел од Кочанска Котлина со поглед на селата [[Прибачево]], [[Зрновци]], [[Мородвис]] и [[Видовиште]]]]
[[Податотека:Kocani night.jpg|thumb|300px|Дел од Кочанска Котлина со поглед на [[Кочани]] на зајдисонце]]
Кочанската Котлина е долина по течението на реката [[Брегалница]] во источниот дел на [[Република Македонија]], на географска ширина од 41° и 55' и географска должина од 22° и 25'. Таа зафаќа површина од 1020 км² и се протега од двете страни на [[Брегалница]], од запад-југозапад кон исток-североисток, во должина од 26 км. Дното на Котлината, односно нејзиниот рамен дел зафаќа површина од 115 км². Најниска точка е во западниот дел, кај вливот на [[Злетовска Река]] во [[Брегалница]], каде има надморска височина од 290 метри. Одејќи кон исток рамнината постепено се издигнува, така што кај вливот на реката [[Осојница]] има височина од 330 метри. Разликата од најнискиот до највисокиот дел на полето изнесува 40 метри.