Махатма Ганди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија
поврзница
Ред 9:
Ганди одлично ги водел индијците во предизвикувањето на британското наметнување на данокот за солта со 400 км одење, наречен „Денди Салт Марч“ („Dandi Salt March“) во 1930 година, а подоцна во повикувањето на Британците да се откажат од Индија под кампањата „Августовското движење“ („Quit India“) во 1942 година. Во многу прилики, тој бил повеќепати затворен со години и во Јужна Африка и во Индија.
 
Ганди се обидел да применува ненасилство и вистина во сите околности и се залагал и другите да го прават истото. Тој живеел скромно во самостојно станбено заедништво и носел традиционално „дотиˮ и шамија, проткаена со рачно [[предиво]] на [[чекрек]]. Ганди јадел едноставна вегетаријанска храна, а исто така постел, како начин за самопречистување и за општествен протест. Сепак, визијата на Ганди која се темели врз религиозниот плурализам, била оспорена во почетокот на 1940-тите години, со новиот муслимански национализам кој барал посебна муслиманска татковина создадена во Индија.
 
Најпосле, во август 1947 година, Индија добила независност, но Британско-индиското Царство било поделено во две територии, помалата со хиндуско мнозинство, Индија и муслимански Пакистан. Уште толку преселените хиндуси, муслимани, и сики ги заземале своите места на нивните нови територии, и со тоа избувнало верското насилство, особено во [[Пенџаб]] и [[Бенгал]].