Нежилово (Велешко): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: бави → занимава
Ред 47:
 
Во пишаните историски извори Нежилово се споменува во [[1460]] година кога имало 39 македонски христијански домаќинства. Меѓутоа, после тоа сите жители одеднаш се иселиле некаде. Можно е тоа да се случило кон крајот на {{римски|17}} век за време на [[Карпошовото востание]] и [[Австриско-турска војна (1787-1791)|Австриско-турската војна]]. Народното предание наведува дека порано околу Нежилово постоеле и други помали села: Ливадица, Горно Село, Калуѓери, Катуниште и Говедарник, кои се наоѓале на различни делови од нежиловскиот атар, посебно во планинскиот северен и северозападен дел. Поточно, Ливадица се наоѓала околу патот помеѓу денешните села Нежилово и Горно Јаболчиште. Селото Калуѓери (велат и Кауѓери) било сместено во подножјето на врвот Мокров кое е старото оригинално име за врвот [[Солунска Глава]]. Селцето Катуниште се наоѓало близу месноста Чеплес (постојат Горни и Долни Чеплес). Горно Село и Говедарник биле во изворишниот дел на Бабуна. За споменатото село Ливадица постои и пишан историски спомен: во 1518 и 1528 се наведува како дервенџиско село со вкупно 4 домаќинства. Народното предание истакнува дека Горно Село располагало со подобри услови за живот. Се вели дека во него постоел и манастир. Наведените села околу Нежилово пропаднале сите одеднаш во исто време. Најверојатно тоа било во времето кога се раселило и старото село Нежилово. Според кажувањата, се одржало само едно домаќинство во Ливадица. Тоа подоцна преминало на пониското земјиште каде што е основано денешното село Нежилово. Од тоа домаќинство потекнува нежиловскиот род Шоповци. Обновувањето на Нежилово е извршено околу 1750 година.
 
Во {{римски|19}} век, Нежилово било село во Велешката каза, на [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
Во текот на наредните години во Нежилово се присобрале македонски доселеници и од други поодалечени области и населени места, како на пример Охридско и Кумановско. Македонците од Нежилово пред крајот на турското владеење во услови на политичка поделеност од соседните странски пропаганди, биле во добри односи со соседното село Капиново, додека со Папрадиште и Црешнево биле во лоши односи. Во Нежилово се наоѓа црквата „Свети Стефан“ изградена во {{римски|19}} век. Се наоѓа крај коритото на [[Бабуна (река)|Бабуна]] од левата страна каде што се и гробиштата. На сретсело кај училиштето има остатоци од старо црквиште. Таму селаните се собираат за празникот [[Свети Антониј Велики|Свети Антониј]], еден ден пред зимскиот [[Атанасовден]].