Варзуга: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на единица, replaced: km² → км<sup>2</sup>
Ред 11:
|watershed = 9 840&nbsp;км²
}}
'''Варзуга''' ({{Lang-ru|Варзуга}}) е река што тече преку источниот дел на [[Мурманска област|Мурманската област]], на крајниот северозапад на [[Европска Русија|европскиот дел на]] [[Русија|Руската Федерација]]. Својот тек го започнува во мочурлива област во централниот дел на [[Колски Полуостров|Колскиот Полуостров]], тече во јужен правец и по 254 километри проток се влева во [[Бело Море (Русија)|Белото Море]]. Површината на сливното подрачје на реката Варзуга е околу 9 840 km²км<sup>2</sup>, додека просечниот проток во зоната на устието е околу 77 m³/s. Највисокото ниво на вода е во пролет кога се топи снегот и мразот, а протокот на устието е до 300 m³/s. Од октомври до мај е под мраз.
 
Во горниот дел на потокот, позната е како Мала Варзуга, а откако добил две помали притоки Варза и Варговја, се нарекува и Голема Варзуга. Во горниот и средниот дел на потокот, се карактеризира со високи и карпести брегови и бројни брзаци и помали водопади во коритото на реката. Само околу десет километри возводно од устието, бреговите стануваат ниски и песочни. Целата должина на текот на крајбрежјето на Варзуга е обрасната со [[Бор (дрво)|борови]] шуми. Се влева во Белото Море преку естуарскиот влиив кој е широк околу 250 метри, а длабочината на водата во зоната на вливот е околу 3 метри.
[[Податотека:Варзуга.jpg|мини|Реката во селото Варзуга]]
Во реката се влеваат реките Пана, Пјатка, Кочкома, Военга, Кривец, Јапома, Мелга, Серга, Кица итн. Од кои најважните притоки се Пана (114 &nbsp;km), Пјатка (35 &nbsp;km), Серга (35 &nbsp;km) и Кица (52 &nbsp;km). На реката има повеќе од триесетина брзаци, меѓу кои Ревуи, Јузија, Мали Ретун, Ливка , Котелња, Туверенга, Јапомски, Аренски, Сечетински, Оралиха, Мечка, Сережни, Студенси, Порокушка, Куче, Којтургов, Клетнаја и Морској.
 
Најважните населби на нејзините брегови се селата Варзуга и Кузомењ. Во долниот тек, недалеку од устието на реката, има неколку острови, од кои најголеми се Виканаја Курија и Сиговец.
 
Реката тече низ територијата на Терскиот и Ловозерскиот регион. Дел од јужниот кољлски брег западно од устието на Варзуга традиционално е наречен Кандалакшки, а источно Терски брег.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Варзуга