Херман Хесе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Осврт кон делата на Хесе: Јазично подобрување, replaced: индивидуалниот → поединечниот
Нема опис на уредувањето
 
Ред 1:
[[Податотека:Hermann Hesse 1925 Photo Gret Widmann.jpeg|thumb|300px200px|Херман Хесе во 1927]]
'''Херман Хесе''' ([[германски]]: ''Herman Hesse'') ({{роден на|2|јули|1877}} - {{починал на|9|август|1962}}) — германски писател, поет и сликар, добитник на [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда]] за книжевност]] во [[1946]] година.
 
== Животопис ==
Хермена Хесе е роден на 2 јули 1877 година во Калв (''Calw''), во покраината [[Виртемберг]]. Татко му бил балтичко-германски мисионер, а мајка му, по професија [[филолог]], била ќерка на виртембершкиот [[Индологија|индолог]]. Неговото семејство се занимавало со издавање [[Религија|религиозна]] литература. Неговите родители долго време престојувале во Индија, а кога Херман наполнил три години, тие се преселиле во [[Базел]], каде татко му работел како предавач во мисионерскиот институт до 1886 година, по што повторно се преселиле во [[Германија]]. По желба на родителите, во 1890 година, Херман Хесе се запишал во латинското подготвително училиште во [[Гетинген]], а следната година ја посетувал и [[Протестантство|протестантската]] богословија во Маулброн, но откако направил некои нереди, бил избркан од [[училиште]]то. Потоа, тој работел кај својот татко, а некое време бил и чирак во часовничарски дуќан.

Во 1895 година се преселил во [[Тибинген]] каде работел како книжар, а во 1899 година се преселил во [[Базел]] каде, исто така, бил книжар. Во 1911 година, Хесе ја посетил [[Индија]],. [[Првата светска војна]] предизвикала кај него голем душевен немир и тој јавно ја осудил „крвавата бесмислица“. По завршувањето на војната ја напуштил [[Германија]] и се преселил во [[Швајцарија]], каде во 1921 година добил државјанство. Како пацифист, тој се спротивставил на подемот на [[Нацизам|нацизмот]] во [[Германија]], а потоа западнал во психичка криза, како последица на неколку лоши околности: [[Втора светска војна|Втората светска војна]], лошото [[здравје]] на синот, психичката болест на сопругата и [[смрт]]та на татко му. Во 1919 година, Хесе се преселил во [[Монтањола]], во близината на [[Лозана]], каде починал на [[9 август]] [[1962]] година.<ref name="ReferenceA">Био-библиографска белешка за авторот“, во: Херман Хесе, ''Сидарта''. Битола: Микена, 2010, стр. 123-124.</ref><ref name="ReferenceB">Маргарита Балод-Тодоровска, „Кон делата на Херман Хесе“, во: Херман Хесе, ''Степскиот волк''. Скопје: Мисла, 1989, стр. 195.</ref><ref name="Herman Hese 1983">„Beleška o piscu“, во: Herman Hese, ''Demijan''. Beograd: Bigz, 1983, стр. 159.</ref>
 
==Творештво==
Работејќи како книжар во [[универзитет]]скиот [[град]] [[Тибинген]], Хесе го продолжил своето образование во доменот на [[книжевност]]а и пристапил во кружокот „Мала котерија“. Во 1899 година ги објавил своите први дела, збирките со [[Поезија|поезија во проза]] „[[Романтични песни (Хесе)|Романтични песни]]“ и „[[Еден часот по полноќ (Хесе)|Еден часот по полноќ]]“. По преселбата во Базел, во 1901 година го објавил романот „[[Писанија и поеми оставени од Херман Лаушер]]“ кој не му донел популарност, но успехот дошол со вториот [[роман]] „[[Петер Каменцинд]]“ од 1904 година. Во 1906 година го објавил романот „[[Бескрајно тркало]]“ во кој зборува за конфликтот на уметничката индивидуалност со ограничувањата на буржоаското општество. Во тој период пришувал и есеи во списанијата, а до 1912 година бил еден од издавачите на списанието „Мерц“. Во 1910 година го објавил романот „[[Гертруда (роман на Херман Хесе)|Гертруда]]“, во 1913 година збирката „Од Индија“, а во 1914 година и романот „[[Расхалда]]“. По запаѓањето во психичка криза и сеансите на [[психоанализа]], Хесе го напишал романот „[[Демијан]]“ (1919) (''Demian''), објавен под псевдонимот Емил Синклер. и соСо него, Хесе постигнал огромен успех во [[Германија]]. Целосната преобразба на Хесе од романтично-сентиментален автор во длабок мислител и критичар, опседнат со [[психоанализа]]та и [[Индиска философија|индиската философија]], настапила во делото „Поглед вво хаос“ од 1921 година, а во 1922 година се појавил романот „[[Сидарта]]“ (''Siddhartha''), како одраз на неговата опседнатост со источните религии. Во романот „[[Степски Волк|Степскиот волк]]“ (''Der Steppenwolf'') од 1927 година била обработена темата на двојноста на личноста, а романот „[[Нарцис и Златоуст]]“ (1930) се занимава со антитезата меѓу [[Душа|духот]] и животот, меѓу аскетизмот и виталноста во средновековна Германија. Во 1931 година, Хесе го напишал своето најпознато дело, романот „[[Игра со стаклените бисери]]“ (''Das Glassperlenspiel''), кое било објавено во 1943 година.

Освен романи, Хесе пишувал и есеи („Франческо Асишки“, „Благодарност на Гете“), а во 1957 година биле објавена седум тома од неговата [[лирска поезија]]. И покрај тоа што бил многу ценет од [[Томас Ман]], [[Андре Жид]], [[Т. С. Елиот|Томас Елиот]] и други познати писатели, сепак, неговата популарност била органичена претежно на германската публика. Дури откако неговите дела започнале да се преведуваат на други [[Јазик|јазици]], Хесе се наметнал како еден од водечките писатели во светот.<ref name="ReferenceA"/> Во 1946 година, Хесе ја добил Нобеловата награда за книжевност.

Денес, неговите дела уживаат голема популарност. Неговите [[роман]]и, раскази и политички и културно-критички [[Есеј|есеи]] се отпечатени во над 80 милиони примероци ширум светот, со што тој го стекнал статусот на најчитаниот европски писател во [[Америка]] и во [[Јапонија]] во [[20. век]].<ref name="Herman Hese 1983"/><ref>„Beleška o piscu“, во: Herman Hese, ''Banjski gost''. Beograd: Narodna knjiga - Alfa, 2001, стр. 117.</ref>
 
===Осврт кон делата на Хесе===
По природа, хуманист, чувствителен и ранлив, Хесе излезот го бара во психоанализата и во индиската философија, кои претставуваат камен-темелник на целокупното негово творештво. Истовремено, во неговото творештво е присутна [[Романтизам|романтичарска]] црта, која може да се разграничи во две насоки: прво, нежна, сентиментална романтика исполнета со копнеж кон минатото и детството и второ, романтиката на внатрешните кризи, озобено изразена во неговите подоцнежни дела.<ref name="ReferenceB"/> Во делото „[[Херман Лаушер]]“ (1901) силно избувнува нагонот за хармонија во поединечниот живот и копнежот кон [[вистина]]та. Во „Бертолд“ е присутна идејата дека животот мора да се живее комплетно, т.е. човекот не може да го усреќи само [[образование]]то, туку истовремено тој мора да биде и вагабонд. Всушност, оваа растргнатост меѓу позитивното и негативното го наведува Хесе, на [[Романтизам|романтичарски]] начин, да ги изрази своите симпатии кон бездомниците. Во „Нарцис и Златоуст“, митот за мајката добива космополитски аспект: мајката е самиот живот во сите негови видови. Во ова дело, оптествените обврски се прикажани во ликот на таткото, а во ликот на мајката се идентификувани убавината на животот, среќата и плодноста на сеопштата мајка-[[природа]]. Во „Демијан“, за првпат во творештвото на Хесе се навестува психоаналитичката постапка во која единствениот вентил за ослободување од напластените нагони се сонот. Во „Сидарта“ ја открива смислата и вистината на постоењето: [[Монизам|монистичкото]] единство на светот кој се наоѓа во процес на вечна преобразба, постојана промена во која ништо не згаснува, туку сè добива нов квалитет.<ref>Маргарита Балод-Тодоровска, „Кон делата на Херман Хесе“, во: Херман Хесе, ''Степскиот волк''. Скопје: Мисла, 1989, стр. 196.</ref>
 
== Извори ==
Ред 21 ⟶ 27:
{{Херман Хесе}}
{{Нобелова награда за литература}}
{{Биографија-никулец}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Германски писатели]]
[[Категорија:Германски нобеловци]]
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]
[[Категорија:Швајцарски нобеловци]]
[[Категорија:Балтички Германци]]
[[Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански)]]
[[Категорија:Германски нобеловци]]