Јан Ханкок: Разлика помеѓу преработките

британски јазичар
Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 21:19, 8 април 2021

Јан Френсис Ханкок (англиски: Ian Hancock, ромски: Yanko le Redžosko; р. 29 август 1942) — ромски јазичар и политички активист. Тој е роден во Лондон и се смета за еден од главните ромолози.

Ханкок во посета на амбасадата на САД во Братислава (10-14 јануари 2005).

Ханкок е директор на Програмата за ромски студии, како и на Центарот за ромски архиви и документација при Универзитетот во Тексас, каде што е професор по англиски, јазичарство и азиски студии од 1972 година. Тој бил претставник на Ромите во Обединетите нации и бил член на Советот на Американскиот музеј на холокаустот во време на претседателството на Бил Клинтон за кого Ханкок тврди дека има ромско потекло.[1] Тој исто така бил претставник на Ромите на доделувањето на Наградата во чест на професор Торолф Рафто во 1997 година.

Наводи

  1. Ian Hancock: We Are the Romani People (Ame Sam E Rromane Džene), Hertfordshire, Great Britain. University of Hertfordshire Press 2002. Page 130.

Надворешни врски