Крсте Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: постхумно → посмртно
Ред 36:
== Повоена кариера ==
[[Податотека:Tito, Khrushchev and Krste Crvenkovski at the "Marshal Tito" Square.jpg|мини|лево|Крсте Црвенковски, [[Никита Хрушчов]] и [[Јосип Броз Тито]] ги разгледуваат урнатините од земјотресот во 1963, во центарот на Скопје, на плоштадот „Маршал Тито“.]]
По ослободувањето Црвенковски врши повеќе раководни функции. Во јануари [[1948]] година е избран за член на Политбирото на ЦК СКМ, а во [[1951]] година е избран за организациски секретар. Во [[1958]] година е избран за министер за просвета и култура во сојузната влада. Во [[1963]] година тогашниот секретар на СКМ, [[Лазар Колишевски]], паѓа во немилост кај [[Јосип Броз Тито]] и е повлечен во [[Белград]], а на негово место во јули 1963 година доаѓа Црвенковски.
 
Во јуни [[1966]] година е именуван за претседател на Комисијата за испитување на работата на државната безбедност, формирана како дел од напорот да се испита и отстрани преголемата моќ на тајната полиција предводена од [[Александар Ранковиќ]]. По отстранувањето на Ранковиќ од раководните функции, во Југославија доаѓа до либерализација, а главен носител во Македонија е Црвенковски.
 
На Петтиот конгрес на СКМ во ноември [[1968]] година, Црвенковски е реизбран на чело на СКМ, но на таа функција останува до март [[1969]] година, кога повторно е повикан на работа во Белград, во новоформираното Извршно биро на ЦК на СКЈ. Во овој период Црвенковски станува член на Претседателството на [[СФРЈ]], а во периодот јуни [[1971]] – јуни [[1972]] е и потпретседател на Претседателството. Мандатот на член на Претседателството му завршува во [[1974]], по што повеќе нема да врши ниту една функција во Федерацијата или во Републиката.
Ред 44:
== Дисидентство ==
 
Наспроти политиката на струјата на [[Лазар Колишевски]], политиката на Црвенковски е во насока на поголемо почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација и во таа насока тој се залага за поголема самостојност на републиките во федерацијата. Во раните седумдесетти им дава поддршка на предводниците на [[Хрватска пролет|Хрватската пролет]], поради што кога централното југословенско раководство решава да се пресмета со т.н. [[либерализам|„либерали“]], во Македонија една од главните жртви ќе биде токму тој.
 
Во [[1972]] година Црвенковски се повеќе е напаѓан од догматското крило во Партијата за во декември истата година на затворен состанок на македонското раководство да биде остро критикуван. На [[36-та седница на ЦК СКМ]], одржана во јануари [[1973]] година, Црвенковски се одлучува да изврши своја самокритика, по што му е дозволено да го заврши својот мандат на член на Претседателството на СФРЈ. По завршувањето на мандатот на оваа функција во мај [[1974]] година, Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.
Ред 61:
* „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ (заедно со [[Славко Милосавлевски]]) (1996)
* „На браникот на македонската самобитност: материјали од политичките разговори за македонското прашање“ (1999)
* „Заробена вистина“ (постхумнопосмртно, 2003)
 
== Наводи ==
Ред 77:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Црвенковски, Крсте}}
[[Категорија:Луѓе од Прилеп]]