Кало: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Класификација: Правописна исправка, replaced: Новиот свет → Новиот Свет, Нов свет| → Нов Свет|
Ред 17:
== Класификација ==
[[Податотека:Movimiento gitano.jpg|мини|десно|180п|Историско населување на [[Роми]]те во [[Европа]]]]
Кало претставува [[мешан јазик]]. Јазичарите пронашле околу 300 до 400 зборови со потекло од ромскиот јазик, при што во речникот на испитаните поединечни говорници биле забележани најмногу до 100 од овие зборови. Ромскиот дел од јазикот потекнува од јазикот на [[Калдераши]]те, кои главно се занимавале со бакарџиство и калајџиство. Преовладувачкиот преостанат дел од јазикот потекнува од романските јазици кои се зборуваат на [[Пиринејски Полуостров|Пиринејскиот Полуостров]], каде што говорниците на кало живееле уште од 15. век. Врз основа на тоа, говорник на кало не би можел да се разбере на ромски јазик со Ром од [[Источна Европа]] поради тоа што кало се има премногу оддалечено од [[ромски јазик|ромскиот јазик]]. Романското влијание врз јазикот главно потекнува од [[шпански јазик|шпанскиот јазик]], а особено од варијантите на јужниот [[андалузиски дијалект|андалузиски дијалект]]. Во различни региони на Пиринејскиот Полуостров, сепак, се зборуваат различни варијанти на кало, кои произлегле од соодветните локални ромски јазици. Постојат каталонски, галициски, португалски и шпански кало, додека во [[Нов светСвет|Новиот светСвет]] се среќава и бразилски кало. Во [[Баскија]] се зборува посебен ромски јазик наречен „[[Ероминчела]]“, којшто на шпански е познат и како „баскиски кало“ ({{lang-es|Caló Vasco}}). Ероминчела всушност претставува мешан јазик меѓу ромски и [[баскиски јазик|баскиски]] и има само ограничен степен на ромски влијанија.<ref name="ethnologue" /><ref name=Adiego>Adiego, I. ''Un vocabulario español-gitano del Marqués de Sentmenat (1697-1762)'' Ediciones Universitat de Barcelona (2002) ISBN 84-8338-333-0.</ref>
 
Андалузискиот кало содржи бројни застарени форми во шпанскиот, како на пример „[[восео|voseo]]“ (учтиво обраќање за „Вие“). Како и кај многу други јужношпански варијанти, во андалускиот кало отсуствува разликата меѓу „s“ [s] и „z“ [θ] којашто е карактеристична за шпанскиот јазик (позната како [[Цецео и сесео|„цецео“ наспроти „сесео“]]).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кало