Адвентисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
с Правописно подобрување, replaced: 19 векXIX век (4), 18 векXVIII век
Ред 37:
| footnotes =
}}
'''Црквата на Адвентистите од седмиот ден''' претставува [[Протестантство|протестантска црква]] распространета по целиот христијански свет. Најзначајни доктрини на Адвентистите на седмиот ден се учењето за Второто доаѓање на Исус Христос, Божјиот морален закон, здравствените принципим семејните вредности, воспитувањето, пророчките настани, обредите; крштевањето, обредот на понизност и Вечера Господова. Зборот ''адвентист'' потекнува од латинскиот збор ''adventus'' - доаѓање - и се однесува на оние кои го очекуваат Исуса Христа да дојде по вторпат, туку во историјата постоеле поединци кои се обидувале да ја предвидат годината, па дури и денот на ова враќање, и покрај тоа што во Библијата се вели: „''А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец''“ (Мат. 24, 36). Иако „адвентизмот“ е честа тема меѓу многу протестантски групи, особено кај оние под „''пентекосталното влијание''“ адвентистичкото движење се јавило во [[19XIX век]] обидувајќи се точно да го предвидат датумот на Второто Христово доаѓање.
 
== Историја ==
 
Кон крајот на [[18XVIII век]] и почетокот на [[19XIX век]], во [[Европа]] и [[Северна Америка]] се појавил нов интерес кон проучувањето на [[Библија]]та. Се појавиле множество брошури и печатени материјали, во кои авторите стигнале до заклучок дека најдолгиот пророкски период во Библијата, односно од 2300 години, од Данаил, ќе заврши во [[1844]] година со кое ќе го означи второто доаѓање на Исус и крајот на животот односно [[апокалипса]].
 
Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) била организирана во [[1863]] година во Батл Крик, [[Мичиген]], [[САД]]. Второто христово доаѓање било главен предмет на проучување на [[Библијата]] во текот на сите векови. Како резултат на истражувањето на ова, меѓу христијаните во многу земји во почетокот на [[19XIX век]] настанало адвентното движење, за малку подоцна да биде организирана Црквата на адвентистите на седмиот ден. Адвентистите сметаат дека отишле најнапред во долгогодишниот процес на реформа, односно се вратиле наназад до изворното, библиско христијанство, отфрлајќи ги сите небиблиски примеси кои се натрупале со вековите, и одново ги прифатиле вистините кои биле запоставени и отфрлени.
 
Како основач на црквата се смета [[Вилијам Милер]], фармер кој е роден во Масачусетс набрзо по американската револуција. Макар што ја изгубил својата вера во Бога како тинејџер, повторно почнал да верува на 37-годишна возраст. Враќањето кон баптистичката вера на родителите било проследено со интензивно проучување на [[Библијата]]. Неговото интересирање најмногу било насочено на библиското пророштво, содржано во книгите за Данаил и [[Откровение на Јован|Откровението]]. Врз основа на своите интерпретации на извадоците од книгата на пророкот Данаил, Милер во [[1831]] година објавил дека Христос ќе се врати на земјата помеѓу март [[1843]] год. и март [[1844]] год. Иако во тоа време сè уште имало [[Баптизам|баптисти]], Милер отпочнал да собира приврзаници на сопственото гледиште, и ја издал првата адвентистичка публикација, весникот под името „''Знаци на времето''“.
 
Милер не бил единствениот пророк во тоа време. На почетокот на [[19XIX век]] [[Нова Англија]] изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до [[1840]] година ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „''Милеровци''“. Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто доаѓање за [[22 октомври]] [[1844]] година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „''големото разочарување''“ извесен број милеровци во права смиса на зборот полуделе, а некои дури извршиле и [[самоубиство]], а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.
 
Во меѓувреме, [[Џозер Бејтс]], се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво требало да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците во [[1845]] година, но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ [[Елен Г. Вајт]]. Елена се омажила за [[Џејмс Вајт]], адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во [[1844]] год. „''влегол во небескиот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев - осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача''“. Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „''Адвентисти на седмиот ден''“ во [[1860]] година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на [[Стар завет|Стариот завет]]. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на [[Џејмс Вајт]], а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во [[Библија]]та и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт - таа била плоден писател - адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.