Генетска варијација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 46.217.243.55) и ја поврати преработката 3696952 на Ehrlich91
с →‎Меѓу единките од популацијата: Јазично подобрување, replaced: протеинска → белковинска (2)
Ред 8:
Генетската варијација што се среќава меѓу единките на една популација може да се утврди на различни нивоа. Можно е утврдување на генетска варијација од набљудувања на [[фенотип]]ската варијација, и тоа како на квантитативните белези (белези кои варираат континуирано и се кодирани од многу [[ген]]и, на пример, должина на нозете кај кучињата), така и на дискретните белези (белези кои се дискретни категории и се кодираат од еден или неколку гени, на пример, бела, розева, црвена боја на венечните ливчиња кај одредени цветови).
 
Варијацијата може исто така да се утврди со проучување на разновидноста на ниво на [[ензим]]и, користејќи го процесот на [[протеинскабелковинска електрофореза]]. Полиморфните гени имаат повеќе од еден [[алел]] на секој [[локус]]. Половина од гените што кодираат ензими кај инсектите и растенијата би можеле да се полиморфни, додека [[полиморфизам (биологија)|полиморфизмите]] се поретки кај ‘рбетниците.
 
И како последно, генетската варијација е причинета од разновидноста во редоследот на [[нуклеотид]]ните бази. Новите технологии им овозможуваат на научниците директно да ја [[секвенционирање на ДНК|секвенционираат ДНК]], што открило дури и повеќе генетска варијација отколку што претходно било утврдено со протеинскатабелковинската електрофореза. Испитувањата на [[ДНК]] покажаа генетска варијација во кодирачките региони, но и во некодирачките [[интрон]]-региони на гените.
 
Генетската варијација ќе резултира во фенотипска варијација доколку разновидностите во редоследот на нуклеотидите во дадена ДНК секвенца резултираат во разлика во редоследот на аминокиселините во протеините кодирани од таа ДНК-низа, и ако добиените разлики во низата на аминокиселини влијаат на формата, а со тоа и функцијата на ензимот.