Атанас Мучев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Стандардизација, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 16:
Атанас Мучев е роден во село [[Иловица]], Струмичко, од татко Гоце и мајка Ружа. Потекнува од трговско семејство, кое живеело во село [[Морарци]], Кукушко. Селото било запалено во јули 1913 година, а имотот присвоен од Грците. Фамилијата се иселува во [[Дупница]]. По краткиот престој тие се преселуваат во Иловица – Струмичко. Рано останал без родители, на една година ја губи мајката, а на шест години и таткото. За него се грижат четирите сестри: Звезда, Ленка, Стојна и Слава. Во родното село Иловица, го завршува основното образование. Неговиот учител Беќир Томовиќ го засакал заради неговиот талент за цртање и подоцна му овозможува да го продолжи школувањето во [[Штип]]. За завршено четврто одделение оценет е со многу добар успех.
 
[[Податотека:Изложба во Штип, 1940.jpg|мини|лево|Атанас Мучев (6-ти од лево) со група ученици на изложбата организирана по повод Видовден во Штип, 1940.]]
Во Штип се запушува во „Државната реална гимназија“, што ја завршил во 1933-1934 година со одличен успех. Се запознава со фамилијата на Љупчо Донски. Во штипската гимназија цртање предавал Богдан Бакиќ – академски сликар од Ваљево, кој ќе одигра пресудна улога за сликарската и педагошката определба на Атанас Мучев. Во 1934-1935 се запишува на Кралската уметничка школа во Белград, што ја завршува 1937-1938 година. Условите во кои се школувал биле многу тешки и често го доведувале во состојба на очај. Се занимавал со разни тешки работи, меѓу другото растовара јаглен на железничката станица итн. Станува симпатизер, а подоцна и член на [[КПЈ|Комунистичката партија]]. Доаѓал неколку пати во Струмица за да ги избегне прогоните на полицијата.