Олга Јовичиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: -ви декември → декември, -ти февруари → февруари
Ред 39:
 
== Животопис ==
Олга Јовичиќ е родена на 3-ти февруари 1920 година во [[Ужичка Пожега]]. Брзо по нејзиното раѓање, семејството се преселило во [[Кралево]], каде Олга го завршила основното училиште и гиманзија. На студии во [[Белград]] отишла во 1939 година. На факултетот брзо влегла во групата на напредните, авангардни студенти. Била примена во [[Сојуз на комунистите на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]] во 1940 година.
 
Во јуни 1941 година, веднаш по нападот на [[Сојуз на Советските Социјалистички Републики|Советскиот сојуз]], таа била уапсена од окупаторската власт. Во затворот се држела храбро и покрај мачењето. Во август 1941 година, успеала да избега од затворот заедно со уште една другарка и другар. Веднаш пристапила во партизанскиот одред „Јован Курсула“ од Кралево. Заедно со својата другарка биле првите партизанки во одредот. Набрзо станала одговорна за агитација и пропаганда, и одела по селата за да држи говори и состаноци.
 
За време на Првата непријателска офанзива, нејзиниот одред со главниот дел од партизанските единици се повлекле во [[Санџак]]. Кога се формирала [[Првата пролетерска бригада]] во Рудо, на 21-ви декември 1941 година, таа по барање на сите борци од нејзиниот одред е назначена за политички комесар на Првата чета на Четвртиот батаљон. Олга Јовичиќ била првата жена политички комесар во Народноослободителната војска на Југославија.
 
Таа храбро ги издржувала сите борби кои ги водел Четвртиот батаљон на Првата пролетерска бригада. Успеала храбро да го издржи [[Маршот на Игман]] планина, борбите на планината [[Јахорина]], Втората и Третата непријателска офанзива, походот на [[Босанска Краина]] и движењето на бригадата кон сливот на реката [[Неретва]]. Со своето делување како комесар, сосема ја оправдала довербата на своите соборци.