Бајазит и Оливера: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 13:28, 19 декември 2020

Бајазит и Оливра е роман на Драги Михајловски пбјавен во оздавачката куќа Каприкорнус од Скопје во 2009 година.

Содржина

Романот Бајазит и Оливра е формиран врѕ историскиот настан, во кој главните ликови се историски личности: Оливера Лазаревиќ, ќерката на српскиот цар Лазар, која по смртта на татко ѝ, со цел да ги сочуваат животите и мирот на државата што останала беѕ најголем број на своја војска и војно способни мажи, мајка ѝ царица Милица и советотавниот одбор сочинет од свештенството, ја мажат за ново кринисаниот султан Бајазит, со кој таа заминува во неговиот свет, во харем, во туѓина, во самотија.

Ова е роман кој ги детектира огромните разлики меѓу западната и источната култура, роман за другоста, за раликата, но со нагласување принудната (напати самовлна) интеграција на различна култура, мисла, погледи. Романот се развива во својот најголем дел во одаите на Оливера, во кои Бајазит, како и малкуте посетители (оние што таа ги повела со себе си како придружнички) ѝ остануваат единствената врска со нејзниниот свет, со цивилизацијата, со семејната врска, со запад.

Низ очите на Оливера го следиме растежот и го дочекуваме падот на Бајазит и неговото владеење. Низ нејзините очи ја согледуваме различноста, другста во која таа мора (треба) да се вклопи, само со една идеја, со една водилка, да се сочува себе си, да го сочува својот идентитет, единственото нешто што суровиот владетел и со збор, а и иако неволно, со делото ќе ѝ го приушти како ветување дадено на семејството, но и како награда, благодарност, снисисходливост поради чудна, незапирлива, уништувачка љубов.

Умешно, заводливо, иритантно раскажување на Драги Михајловски во овој роман е толку предизвикувачко што читателот посегнува по други четива, по разоткривање, по копање во минатото, со желбата што попрецизно да ја дознае вистината за толку умешно создадени ликови.

Рпманот Бајазит и Оливра е преведен на српски јазик и објавен е во Бања Лука, преведувач е Гордана Јовиќ-Стојковска, а издавач Задужбина, Петар Кочиќ од Бања Лука, го има објавено во 2012 година.

Ликови

Оливера е млада, убава, образована и исклучително силна личност, ќерка е на Лазар, владетел на дел од српското царство што по смртта на Цар Душан било изложено на османлиската наезда на патот кон освојувањата на запад, за штто копнееле османлиските освојувачи.

Таа е ностел на западните погледи, желби, поимања на светот и животот, чини се за да ја очува својата вера, своите сфаќања, да не заборави мириси, вкусови (таква е во настојувањата, меѓу милувањата од Бајазит да добие дознола да пие вино, малку, колку да го очува вкусот на татковината, на домот, на семејството). Таа е во константна војна со своите емоции, страсти и принципи. Раскошниот лик на Оливера се разоткрива на самиот крај на романот, кога заробената Оливера, во партали, како слугинка на победникот Тимур го воскрева своето благородничко достоинство во една друга димензија, кога со своот занесен танц го излудува својот сопруг до смртта, што во ситуација во која се наоѓал (окован во кафез носилка) претставувало спас од маки и понижувањата на кои го изложил моглоскиоот освојувач.

Бајазит е силен, брутален, црст, решителен, победник, воин кој не запира, човек кој од љубов кон Оливера, млада, страсна, префинета принцеза на мигови ги заборава своите убедувања, советите на неговите советодавци, се заборава дури и себе си. Низ сликите на Бурса, неговата престолнина, што ги добиваме преку очите и сфаќањата на Оливера, ја согледуваме неговата сила, решителност, но и конфузија, прекршувањето што е неизбежно при емотивна интеграција со некој толку поинаков, толку подриг, како што е Оливера.

Наводи