Статистичка механика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Statistical mechanics}} '''Статистичката механика''' е еден од столбовите на Современа физика...
 
с →‎top: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 1:
{{Statistical mechanics}}
 
'''Статистичката механика''' е еден од столбовите на [[Современа физика|модерната физика]]. Оваа наука ги проучува на најосновно ниво сите [[Физика|физички]] системи со многу [[Степен на слобода|степени на слобода]]. Нејзиниот пристап е базиранзаснован на [[Статистика|статистички]] методи, [[теорија на веројатноста]] и [[Закони на физиката|законите]] на [[Микроскопска величина|микроскопската]] физика.<ref>{{Наведена книга|title=The Principles of Statistical Mechanics|last=Tolman|first=Richard C.|publisher=Dover Publications|year=1938|isbn=9780486638966|location=|pages=}}</ref>
 
Со неа може да се објасни [[Термодинамика|термодинамичкото]] однесување на големи [[Термодинамички систем|системи]]. Оваа гранка на статистичката механика која се занимава и ја надополнува класичната термодинамика е позната како '''статистичка термодинамика''' или рамнотежна статистичка механика.
 
Статистичката механика опишува како макроскопските [[Физичка величина|величини]] (на пр. [[Температура|температурататемпература]]та и [[Притисок|притисокотпритисок]]от) произлегуваат од микроскопските параметри кои флуктуираат околу одреден [[просек]]. Таа ги поврзува термодинамичките величини (на пр. [[топлински капацитет]]) со микроскопското однесување. Класичната термодинамика, пак, единствено ги [[Мерење|мери]] и табулира тие величини.<ref>{{Наведена книга|title=Elementary Principles in Statistical Mechanics|last=Gibbs|first=Josiah Willard|publisher=Charles Scribner's Sons|year=1902|isbn=|location=Њујорк, САД|pages=}}</ref>
 
Освен системи кои се во [[Рамнотежа (термодинамика)|рамнотежа]], статистичката механика ги проучува и тие кои се надвор од оваа состојба, преку својата гранка [[нерамнотежна статистичка механика]] (или уште позната како '''статистичка динамика'''). Статистичката динамика микроскопски ја моделира брзината на [[Неповратен процес|неповратните процеси]], која е водена од нерамнотежа во некоја величина. Примери за такви процеси се [[Хемиска реакција|хемиските реакции]] или текот на [[честички]] и [[топлина]]. [[Флуктационо-дисипативна теорема|Флуктационо-дисипативната теорема]] е основата која ја добиваме при примена на нерамнотежната статистичка механика при проучување на најпростите нерамнотежни ситуации со постојан проток во систем со многу честички.