КатегорииУреди

Здраво, приметив дека повторно уредуваш статии и статиите се навистина добри, иако кратки. Сепак, морам да ти укажам дека секоја статија треба да поседува и категории за темата. Пример, последната статија за Универзитет „Темпел“, може да има категории Универзитети во САД, Образование во САД, и слично. Ако не си сигурен, види кај другите јазични изданија. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:16, 4 април 2020 (CEST)

@Ehrlich91: Фала на препораката. Додадов категории на последните неколку страници кои ги создадов. Засега се обидувам да создадам статии кои сметам дека ќе се од интерес на дел од македонската јавност, а во чија област имам барем доволни познавања. Се надевам понатаму да се вратам и да ги проширам овие статии. Fsimeski (разговор) 17:43, 5 април 2020 (CEST)

Покана за учество во иницијативата „Цели за одржлив развој“Уреди

Цели за одржлив развој претставува меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стреми кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопува со Глобалната седмица на целите и е во времетраење од 19-26 септември 2020 година и со доделување на награди за најдобрите учесници. Dandarmkd (разговор) 15:18, 18 септември 2020 (CEST)

Земи учество во СИЕ Пролет 2021Уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)