Масакр од Ладлоу: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Масакрот од Ладлоу''' се случил на 20 април 1914 година кога Националната гарда на...
(нема разлика)

Преработка од 10:38, 4 август 2020

Масакрот од Ладлоу се случил на 20 април 1914 година кога Националната гарда на американската држава Колорадо ја нападна шаторската населба во која беа сместени 1.200 рудари и нивните семејства во местото Ладлоу, Колорадо. Во нападот загинаа повеќе од 20 лица, меѓу кои и мали деца.

Настан

Штрајкот на 1.200-те рудари започнал уште во септември претходната 1913 година. Рударите се кренале против ниските плати, лошите услови за работа опасни по нивниот живот и потполната доминација, т.е. крепосна контрола на рударските компании врз нивните животи. На почетокот на штрајкот, рударите биле исфрлени од бараките и рударските населби, но со помош на Сојузот на обединетите рударски работници успеале да изградат шаторска населба во ридовите над градот и да го продолжат штрајкот.

Состојбата кулминирала во текот на април 1914 година, кога сопственикот Џон Рокфелер ангажирал негова приватна вооружена агенција, со цел да се справи со побунетите работници. И покрај неколкуте загинати, рударите на почетокот успеале да го одбијат нападот, при што на помош била повикана Националната гарда. Штрајкувачите мислеле дека Гардата е донесена за да ги заштити, доцна сфаќајќи дека нивната цел е всушност да го уништат штрајкот. По драматичната престрелка во која пружиле жесток отпор, рударите на крајот биле поразени.

Крвавото задушување на штрајкот и репресиите на Националната гарда, предизвикале масовни демонстрации во Колорадо, а за состојбата се заинтересирале и медиумите на национално ниво, вклучувајќи го и „Њујорк Тајмс“. Меѓутоа, по кратко време, ситуацијата се „смирила“ и масакрот бил оставен на забот на заборавот.[1]

Наводи

  1. „За Масакрот од Ладлоу и борбата за работнички права“, Левичарско движење „Солидарност“, 21.04.2015.