Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Походот на Индија: Правописна исправка, replaced: например → на пример
Ред 80:
=== Походот на Индија ===
[[Податотека:AlexanderConquestsInIndia.jpg|thumb|250px|Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.]]
После смрта на [[Спитамена]] и бракот со [[Роксана]] (Рошанак на бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Средна Азија. Во [[326 п.н.е.]] Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од [[Гандара]], територија на север од денешен [[Пакистан]], да му се покорат и да тргнат со него. [[Амби]], владетелот на [[Таџила]], чие кралство се простирало од [[Инд]] до [[Џелам]], така и направил. Но водачите на некои кланови, како напримерна пример [[Асапсиос]] и [[Асакеноис]], познати во индиските текстови како [[Ашвајани]] и [[Ашвакајани]] (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, на [[санскритски јазик]] Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.
 
Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините [[Алишанг]] и [[Гуреа]], како и на кланот Асакеноис во долините [[Сват]] и [[Бунер]]. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата [[Масага]] и [[Аорну]] дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40.000 воини биле заробени.