Хипи-движење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, replaced: e]]''| → e| using AWB
с →‎Раните хипици (1960-1966): Правописна исправка, replaced: ко-основач → соосновач
Ред 49:
Некои од најраните хипици од Сан Франциско беа поранешни студенти во државниот колеџ во Сан Франциско, кои ги заинтегрира брзорастечката музичка сцена на хипиците. Овие студенти им се придружија на составите што ги сакаа и им се допаѓаше да живеат како во комуна во големите, евтини станови во викторијански стил во Хеит-Ешбери. Младите Американци од секаде од земјата започнаа да се движат кон Сан Франциско, па до јуни 1966 година околу 15.000 хипици се преселија во Хеит. Шарлатани, Џеферсон Ерплеин, Бог Брадер анд д Холдинг Комапни и Грејтфул Дед, сите се преселиле во соседството во Сан Франциско, Хеит Ешбери, во текот на овој период. Aктивностите се концентрираа околу Дигерс, уличен театар од герилски тип кој го комбинираше спонтаниот уличен театар, анархичните дејствија и уметничките настани во нивната агенда, со цел да се создаде еден „слободен град“. До крајот на 1966 година, Дигерс отвориле слободни продавници кои едноставно ја раздавале нивната стока, обезбедувале бесплатна храна, давале бесплатно дрога, раздавале пари, организирале бесплатни музички концерти и изведувале дела од политичката уметност.
 
На 6 октомври 1966 година, [[Калифорнија|државата Калифорнија]] ја прогласи дрогата ЛСД за контролирана супстанца, со што таа стана нелегална. Како одговор на криминализирањето на психоделичните дроги, хипиците од Сан Франциско одржале собир во тесниот крак во паркот Голден Гејт наречен Љубовен пагански собир, кој привлекол приближно 700-800 луѓе. Како што објаснил Алан Кохен, ко-основачотсоосновачот на Сан Франциско Оракл, целта на собирот била двострана: да се привлече вниманието на фактот дека ЛСД тукушто била прогласена за нелегална дрога и да се покаже дека луѓето кои користат ЛСД не се криминалци ниту пак ментално болни луѓе. Групата Грејтфул Дед настапи, а според некои извори, ЛСД се конзумирал на тој собир. Според Кохен, оние кои земале ЛСД „не беа виновни за користење нелегални супстанци. Ние ја прославувавме трансцеденталната свесност, убавината на универзумот, убавината на постоењето.“
 
===Лето на љубов (1967)===