Знаме: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја на знамето: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 14:
 
=== Бои и симболи ===
Знамињата содржат [[симбол]]и кои претставуваат идеи за чије бичие изразување се потребни многу зборови. Симболите се изведени од најразлични извори. Еден од најпознатите примери е лавот од средновековната хералдика, кој ги претставува идеите за кралство и храброст.
 
Боите имаат симболично значење. Белата и сината боја го симболизираат мирот. Зелената е бојата на растенијата, симбол на младоста и надежта. Верските верувања биле меѓу првите што биле прикажани на знамињата. Крстот е најстариот хералдички мотив. Во муслиманските земји, полумесечината е религиозен симбол од XIV век. Исламските регулативи не дозволуваат прикажување на ликот на Бог или човекот, додека другите земји немаат такви ограничувања, така што има бројни кинески знамиња кои прикажуваат богови или христијански знамиња со лик на светци. Современите симболи вклучуваат канадски јаворов лист и срп и чекан од поранешниот [[Советски Сојуз|Советски сојуз]] .<ref name="Енциклопедија свезнање- Заставе"/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Знаме