Моравска мисија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 92.55.103.111 (разговор), вратено на последната верзија на Kolega2357
с →‎top: Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Повод за '''Моравската мисија''' на [[Кирил и Методиј]] било писмото на моравскиот [[кнез]] [[Ростислав]] до византискиот императорцар [[Михаило III]]. Ростислав настојувал да ја осамостои и зацврсти својата држава, [[Моравија]], на која и се заканувала опасност од [[Германија|германското]] свештенство. За да ја отстрани опасноста тој побарал проповедници кој ќе го шират [[Исус Христос|Христовото]] учење на [[словенски јазик]]. [[Византија]] ќе ја прифати неговата порака зашто [[Германско-бугарски сојуз|германско-бугарскиот сојуз]] бил опасност и за Моравија и за безбедноста на [[Византија]].
 
Кирил и Методиј ја прифатиле оваа задача, но наишле на многу проблеми, а еден од нив е немањето [[азбука]] на која би ги превелe најпотребните книги за богослужба. Константин помогнат од Методиј ја создал првата словенска азбука (855та година), [[глаголица]] која содржи 38 букви. Во глаголицата 24 букви биле по образец на грчката [[брзописна деловна азбука]], а останатите 14 според [[гласовниот систем]] на [[словенски јазик|словенскиот јазик]].
 
Во 863 година пристигнале во Моравија каде отвориле голем број [[училишта]] и [[цркви]] во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле оспособени голем број нови учители. [[Латино-германското свештенство]] почнало да ги обвинува за ширење [[ерес]], па затоа [[папа|папата]]та ги повикал во неговиот двор во [[Рим]]. На пат за Рим, Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во [[Панонија]] каде ги удриле темелите на [[словенска писменост|словенската писменост]] и во оваа [[земја]].
 
Пред да пристигнат во [[Рим]] кратко се задржале во [[Венеција]] каде Константин, кој бил познат како добар [[филозоф]] и [[оратор]] спорел со тријазичниците т.е. оние кои што се застапувале за ширење на Христовото учење само на [[грчки]], [[еврејски]] и [[латински]] јазик. Константин ги разбил обвинувањата велејќи дека секој [[народ]] има право на свој [[јазик]].
 
Кога пристигнале во Рим, Константин ги донел [[моштите]] на римскиот папа [[Климент]] кој бил маченички удавен во 100 година н.е. а кого подоцна [[Римската црква]] го прогласила за [[светец]].
 
Во Рим во 869 година папата [[Адријан]] ги посветил словенските книги, што значи дека Римската Црква официјално ја признала [[словенската писменост]].
 
Набргу по официјалното признание Кирил се разболел и умрел. По неговата смрт Методиј ја продолжил започнатата дејност, но бил постојано напаѓан и клеветен од германското свештенство и исцрпен од борбите со нив, од затворите и прогонствата умрел во 885 година.
Ред 16:
Кирил и Методиј превеле повеќе црковни книги како [[Неделното евангелие]] наменето за читање во неделните и празничните денови, [[Службеникот]] - книга што содржи молитви и читања при разни служби, [[Требникот]] - книга со молитви и читања за различни случаи од животот на луѓето.
 
Методиј го превел [[Номоканонот]] што претставува зборник од правила и закони за [[црква|црквата]]та, [[Патерикот]] - [[зборник]] од кратки житија за разни црковни отци.
 
Во [[житие|житието]]то на Кирил се спомнува и како оригинален [[автор]] на различни [[стихотворби]].
 
Кирил и Методиј врз основа на јазикот на [[Македонски Словени|македонските словени]] од околината на [[Солун]] го создале првиот [[литературен јазик]] за сите Словени познат како [[старословенски]] или [[црковно-словенски]] јазик, ја создале првата [[словенска азбука]], [[глаголица]], ги превеле првите книги на словенски јазик и преку ширењето на христијанското учење на [[словенски јазик]] ги удриле темелите на словенската [[писменост]] и [[култура]].