Џашумон (расказ): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 14:39, 4 април 2020

Џашумон - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава.

Содржина

Расказот се состои од 31 глава:

  • I - XI: Вакатоно Сама бил благородник од Кјото. Кога имал 19 години, неговиот татко умрел во страшни маки и Вакатоно станал глава на куќата. По својот изглед и по карактерот, потполно се разликувал од неговиот татко: Вакатоно бил убав, нежен и голем љубител на уметностите. Како дете, тој учел да свири на еден вид јапонска флејта, но се откажал откако татко му го убил неговиот учител. Оттогаш, неговите односи со татко му биле студени. Пет-шест години по смртта на татко му, Вакатоно се вљубил во убавата принцеза Накамикадо, ќерка на неговиот учител по флејта. Вакатоно редовно ѝ праќал писма и песни, но никогаш не добивал повратен одговор од неа. Во тоа време, во градот ненадејно се појавил таинствен свештеник со необична моќ. Тогаш се случил единствениот значаен настан во животот на Вакатоно.[1]
  • XII - XXXI: Една ноќ, Вакатоно бил пресретнат од група разбојници, предводени од управникот на имотот на принцезата Накамикадо. Сепак, Вакатоно успеал да ги наговори разбојниците да го врзат управникот кого потоа го ослободил и преку него ѝ пратил писмо на принцезата. Оттогаш, таа почнала редовно да го прима во својот дом.[2]

Наводи

  1. „Džašumon“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 47-72.
  2. „Džašumon“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 73-112.