Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 132:
Како и секој рационален потрошувач, Норвешка спознала дека овој приход од производство на нафта е ограничен и дека претставува вонреден (неочекуван) приход. Не само што нафтениот фонд го заштитува владиниот буџет од флуктациите во цената на нафтата и обемот на нејзиното производство туку тој, исто така, е средство за распространување на вонредниот приход помеѓу многу генерации на [[Норвежани]], на тој начин опросечувајки ја јавната и приватната потрошувачка. Освен тоа, овозможува дополнителни ресурси за поддршка на секторите погодени од апрецијацијата на реалниот девизен курс, феномен кој генерално е поврзан со неочекуваните приходи од ваков обем - ''Холандската болест''.
 
Друг пример представува процесот на преструктурирање во Источна и [[Централна Европа]], кој започна по распадот на централно-планскиот систем. Во рамките на предходниот режим, акцентот се ставал на производите на [[тешка индустрија|тешката индустрија]] кои што, иако претставуваат тргувани стоки, всушност ретко се продавале надвор од [[Советски сојуз|Советскиот]] блок. Истовремено, секторот на услуги намерно не бил развиван. Процесот на трансформација доведе до брз раст на новиот сектор на услуги и до постепено преструктурирање на индустрискиот сектор во правец на производство на тргувани стоки.
 
== Промени на рамнотежниот девизен курс ==