Земјотрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Аљаска +Алјаска)
Ред 89:
 
== Земјотресите во Македонија ==
Територијата на [[Македонија]] е релативно трусно подрачје, а земјотресот од 1904 година во [[Пехчевско|пехчевското]] епицентрално подрачје се смета за најсилен на [[Балкански Полуостров|Балканот]]. Измерена е јачина на земјотрес М=7,8 по [[Рихтерова скала]], а почувствуван со 10 степени по [[Меркалиева скала]]. Во [[Македонија]] има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.
<br />
{{Главна|Скопски земјотрес 1963}}
Oд поново време се памети земјотресот во [[Скопје]]. На [[26 јули]] [[1963]] година во 055:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес почувствуван со 9 степени по меркалиевата скала и јачина М=6,1 по Рихтерова сеизмичка скала, а помали потреси имало до 05:43 часот. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани. Земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од IV-V степени според Меркалиевата скала, IV степени во кумановскиот регион, III степени во тетовскиот и велешкиот регион.
 
На [[11 септември]] [[2016]] година, Скопје го погодил земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, но немало човечки жртви и поголеми материјални штети.<ref>Марија Тасев, „Земјотресните афтершкови може д атраат и до две години, но не се опасни“, ''Дневник'', година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 4-5.</ref>
 
== Наводи ==