Лилјаци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 20:
| range_map_caption = Распространување.
}}
'''Лилјаците''' ({{науч|Chiroptera}}) —— {{био|ред}} мали до средно големи цицачи способни за долготраен лет. Предните екстремитети им се видоизменети во крила: [[подлактица]]та, [[метакарпус]]ните коски и [[фаланги]]те на сите прсти освен првиот се силно издолжени; меѓу [[надлактица]]та, подлактицата, прстите, страните (боковите) од телото и задните екстремитети се наоѓа тенка и еластична летечка мембрана. Задните екстремитети се поставени така што колената се насочени кон дорзалната (грбната) страна. [[Ушна школка|Ушните школки]] обично се крупни и понекогаш релативно големи во однос на телото. Кај многу видови тие се со развиена кожна творба. Опашката кај повеќето видови е долга, целосно или само делумно затворена во меѓубедрена препона; слободниот крај на оваа препона го поддржува пар на ‘рскавични или коскени творби, кои одат од петата. Долж основата на оваа творба кај многу видови се јавува една кожна лопатка наречена [[епиблема]].
 
Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на [[Арктик]]от, [[Антарктик]]от и на некои океански осторви. Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијата [[летечки кучиња]], односно ''Pteropidae''.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лилјаци