Илчо Јованов: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Проф. д-р Илчо Јованов''' е професор<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/fmu/za-fmu/nastavnici Официја...
(нема разлика)

Преработка од 16:29, 9 јули 2013

Проф. д-р Илчо Јованов е професор[1] и декан на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето високо образование го започнал со факултетските студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а го продолжил со магистерски студии на Државната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија, Р. Бугарија. Неговата наставна област е музичка теорија и педагогија. Во 2009 година ги завршил докторските студии од областа на музичка теорија и педагогија на Регионалната академија при Меѓународниот универзитет во Киев, Украина.
Во своето работно искуство работел како раководител на Народниот и забавен оркестар во Дом на ЈНА во Белград, во Музичката продукција на МРТВ, како директор на Фестивалот за народна музика „Цветници”, раководител на Народниот оркестар на „Фолк-фест Валандово”. Од основањето на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Илчо Јованов е декан[2] на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Реализирани проекти

  • Бројни вокално-инструментални композиции, аранжман и оркестрации во областа на народната музика за потребите на МРТВ, како и за изведувачите на народната музика.
  • Бројни аудио и видео снимки за потребите на музичко-касетната продукција и видеопродукцијата на МРТВ.
  • Реализатор на аудиоизданијата (компакт-дискови) за Никола Бадев, Александар Сариевски и др. при Музичко-касетната продукција на МРТВ.



Наводи

Надворешни врски