Освалд Шпенглер: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: 150п|мини|десно|Освалд Шпенглер '''Освалд Шпе...
(нема разлика)

Преработка од 15:48, 11 септември 2012

Освалд Шпенглер (29 мај 1880 - 8 мај 1936) бил германски историчар и филозоф, а имал посебен интерес и кон математиката, науката и уметноста. Овој германски мислител е најдобро познат по своето дело Залезот на Западот (Der Untergang des Abendlandes), објавено во 1918 и 1922 година, во кое што тој предложил нова теорија според која животниот век на цивилизациите е ограничен и на крајот тие се распаѓаат. Во 1920 година, Шпенглер го објавил делото Прусизам и Социјализам (Preußentum und Sozialismus), каде што ја разгледува националистичката верзија на социјализмот и авторитаризам. Шпенглер творел во периодот меѓу двете светски војни и ја подржувал германската хегемонија во Европа. Некои нацисти, како што е Гебелст, истакнувале дека Шпенглер е нивен ителектуален претходник, меѓутоа по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт, Шпенглер бил прогонуван, поради неговото одбивање да ги подржи нацистичките идеи за расна супериорност и неговото критичко дело Време за одлука

Освалд Шпенглер

Биографија

Извори