Шагринска кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 105:
[[Податотека:Hanska Holz Sowgen 1825.jpg|мини|десно|Полската баронеса [[Евелина Хањнска]] откако ја прочитала ''Шагринска кожа'', му пратила писмо на Балзак насловено ''L'Étrangère'' („Странецот“). Тие се венчале во 1850.]]
 
Популарноста на романот достигнала до [[УкрајнаУкраина]], каде [[барон]]есата по име [[Евелина Хањска]] читала за романтие на Балзак од весници кои ги добивала од Париз. Интригирана, таа порачала примероци од неговите дела, кои ги читала со своите пријатели и роднини од [[Волињ]]. Тие биле импресионирани од разбирањето кон жените кое тој го покажал во ''Физиологија на бракот'', но сметале дека ''Шагринска кожа'' ги прикажала во сурово светло. Хањска напишала писмо до Балзак, насловено ''L'Étrangère'' („Странецот“) и го испратила од [[Одеса]] на 28 февруари, 1832.<ref>Robb. стр. 223–224; Gerson, стр. 154–155. Hańska's signature ''L'Étrangere'' is sometimes translated as "The Unknown" or "The Foreigner".</ref>
 
Без повратна адреса, Балзак бил препуштен да одговори во ''Gazette de France'', надевајќи се дека таа ќе забележи. Не забележила, но повторно му напишала во ноември: „Вашата душа опфаќа векови, господине; нејзините филозовски концепти се плод на долга работа времено созреана; сепак ми е кажно дека сте сè уште млад. Би сакала да ве запознаам, но чувстувавм дека немам никаква потреба да постапам така. Ве познавам низ мојот сопствен духовен инстикт; Ве замислувам на свој начин и сметам дека доколку ве видам, веднаш ќе извикам: 'Тоа е тој!'“<ref>Цитирано во Gerson, стр. 155 и Maurois, стр. 218.</ref>