Спанов мост
Спанов мост (грчки: Γέφυρα Σπανού) или Мост на Ќосе Мустафа-паша — стар османлиски камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]
Спанов мост Γέφυρα Σπανού | |
---|---|
Координати | 39°59′14.8″N 21°22′57.6″E / 39.987444° СГШ; 21.382667° ИГД |
Преминува | Венетик |
Место | Козмат, Гребенско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Претходен | Азиз-агин мост |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 85 м |
Ширина | 3,6 м |
Најдолг распон | 10,4 м |
Распони | 5 |
Историја | |
Завршен | 1797 |
Местоположба | |
Мостот се наоѓа на неколку километри источно од селото Козмат и западно од селото Пигадица, Кожанско. Ја преминува реката Венетик на источните возвишенија на планината Пинд. Изграден е во 1797 г. од Ќосе Мустафа-паша (Спанос) од Ѓирокастро, кога бил управник на Лепанто. Има пет лакови и долг е 85 м, што го прави најголемиот зачуван камен мост во Егејска Македонија. Изграден е од делкан камен и има три потпорни лака. Има парапети, а денес е асфалтиран и редовно се одржува. Крај него се наоѓал гробот на Ќосе Мустафа-паша, имало ан и полициска стражарница. Гробот до мостот е срушен од вандали во 1980 г. Тој бил во облик на мала камена градба со натпис. Анот исто така бил близу до мостот. Дел од неговите приходи биле посветени за негово одржување. Во анот се одморале караваните кои доаѓале Солун или Јанина.[2][3][4]
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Γεφύρι Του Σπανού“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 8 ноември 2019.
- ↑ „Köse Mustafa Pasha Bridge“. Traces of Ottoman. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 30 април 2014.
- ↑ „Γεφύρι Σπανού“. goGrevena.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014.
- ↑ ΜΠΑΤΑΚΟΙΑΣ, ΣΤΕΡΓΙΟΣ, ΚΩΝΣΤΑΝΤΙΝΟΣ ΜΠΟΖΟΒΙΤΗΣ, ΕΛΕΝΗ ΠΑΛΑΣΚΑ, ΘΕΟΔΩΡΑ ΠΑΥΛΙΔΟΥ (2012-13). Γρεβενά-Μικρολίβαδο (PDF) (грчки). стр. 3–4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014 г. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.